Амстел () — река во Холандија, која тече низ градот Амстердам. Името на реката потекнува од Aeme stelle, стар холандски збор за „област богата со вода“.

На реката се наоѓаат некои од најпознатите мостови во Амстердам. Покрај реката се наоѓаат Градското собрание Стопера и операта и театарот Каре.

Покрај реката секоја година се одржува телевизиски концерт посветен на Денот на Ослободувањето (Bevrijdingsdag).

Пивото Амстел е именувано по реката. Пиварницата Амстел, како и многу други пиварници, биле сместени близу реката Амстел поради чистата вода, која била користена за производство на пиво.

Филм

Дијамантите се вечни (филм за Џејмс Бонд), 1971: Телото на учителката г-ѓица Вистлер е пронајдено во реката откако умира од рацете на убиствениот двоец на г-дин Винт и г-дин Кид, кои потоа го сликаат нејзиното тело во водата со намера да ги пратат сликите на децата кои ги учела.„Филмски локации за Дијамантите се вечни“, Internet Movie Database

Галерија

лево|мини|665п|Реката Амстел во Амстердам, панорамски поглед кој ги прикажува Стопера и Блаувбриг (лево) и Амстелхоф (десно), кој е дом на музејот Ермитаж Амстердам

Наводи

Категорија:Реки во Холандија Категорија:Амстердам Категорија:Географија на Холандија