Битолско Кале (или само Кале или Бори Кале) — археолошко наоѓалиште кое се наоѓа над градот Битола, во подножјето на Облаковска Планина, на надморска височина од 894 метри. Кале е средновековна утврдена населба.
На просторот на калето некогаш се наоѓале замоците на царот Гаврил Радомир и црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа во непосредната близина на градот, од северозападната страна, на висок рид што доминира над околината и има надморска височина од 894 метри.
Пристап
До наоѓалиштето може да се дојде по земјен пат од селото Раштани или од населбата Баир.
Опис
На наоѓалиштето има две зарамнети платоа, со површина од околу 500 на 190 метри, на кои се среќаваат остатоци од градежен материјал (речен и кршен камен, варов малтер, тули и имбрекси), како и фрагменти од керамички садови.
Црква „Успение на Пресвета Богородица“
Црквата имала димензии со должина 23 метри, ширина 21 и височина 16 метри. Од западната страна имало две кули кои биле со широчина колку Саат-кулата во Битола.
Црквата моментално е оставена сама на себе поради незаинтересираноста на надлежните и не е никако означена ниту конзервирана.
Поврзано Хераклеја Линкестис — населба од хеленистичко, римско, доцноантичко време и среден век; Бадем Балери — депо на монети од срениот век; Гургур Тумба — населба од неолитско време; Еврејски Гробишта — населба од неолитско време; Св. Троица — базилика од старохристијанско време; Битола; и Список на археолошки наоѓалишта во Битолско.
Галерија
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Битола