Маргарет „Моли“ Браун (; - ) — американска филантропка, социјална реформаторка и следбеничка на модата.
Браун, ќерка на ирски имигранти, постувала основно училиште, а потоа работела во фабрика за тутун. Го следела својот брат и во Колорадо (околу 1884 година) се запознала и омажила со Џејмс Браун, рудар. Откако тој открил злато во 1894 година, се преселиле во Денвер, каде што биле прифатени од високото општество. Таа станала основачки член на Женскиот клуб во Денвер, дел од националната мрежа на женски клбубови посветени кон подобрување на условите за жените и децата. Откако ја оставил сопругот, се преселила во Њујорк, па во Њупорт, каде што уживала социјален углед. Како патник на Титаник во 1912 година, помогнала во управување на чамец за спасување и од новинарите на САД била наречена „непотонливата Моли Браун“. Нејзиниот живот, како легенда, бил обработен во филм и мјузикл.
Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.
Категорија:Луѓе коишто го преживеале потонувањето на Титаник Категорија:Носители на Легијата на честа