Садеви — археолошко наоѓалиште во битолското село Велушина. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа непосредно до селото, од југоисточната страна, каде при обработувањето на земјата се откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Најдени се и монети од Јустинијан I кои се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Велушка Тумба — населба од неолитско време; Велушина; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Велушина