Пловдив () е град во Јужна Бугарија. Тој е вториот по големина град во Република Бугарија со 360 000 жителиТаблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г. и претставува административен центар на Пловдивска област.

Географија Пловдив се наоѓа на 24° 45' источна географска должина и 42° 9' северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 164 m. Градското подрачје зафаќа површина од 53 км2. Низ градот тече реката Марица. Пловдив е сместен во близина на планината Родопи, во западниот дел на Горнотракиската Низина.

Историја Античкото име на Пловдив е Филипополис наречен така во чест на неговиот основач, македонскиот крал Филип.

Според статистиката, од 1885 година, кон крајот на ХІХ век, градот има население од 33 500 жители, од кои - 45% Бугари, 25% Грци, 21% Турци, 6% Евреи и 3% Ерменци. По Првата светска војна на периферијата на градот се населиле многу бегалци од Македонија. Во 2011 година Пловдив има 331.796 жители. Најголемиот дел од нив се Бугари, а другите се Ерменци, Евреи, Турци, Роми, Грци и други.

Во 1879 година, Пловдив е избран за престолнина на автономната област Источна Румелија, создадена со Берлинскиот конгрес во 1878 година. Од 1885 година таа е присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја напада бугарската држава, но ја губи војната. Од Источна Румелија Османската империја го задржа само градот Крџали и неговата околина, во која тогаш живеат исклучиво Турци и која влегува во составот на Бугарија во 1912 г.

Личности Пловдив е родното место на повеќе познати личности меѓу кои се и Панајот Пипков, Апостолос Николаидис, Христо Бонев, Стефка Костадинова, Христо Стоичков и Петар Стоjaнов.

Галерија

Збратимени градови Куманово, Македонија Охрид, Македонија

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Водич за Пловдив Пловдив инфо Фотографии од Пловдив (стариот град) Фотографии од Пловдив1 Информации за потенцијални инвеститори на Пловдискиот регион Хотели во Пловдив Водич за Пловдивската област - градови и села Антички Пловдив Фотографии од Пловдив2 Водич за сместување во Пловдив

Категорија:Градови во Северна Тракија Категорија:Населени места во областа Пловдив