Кочишта — археолошко наоѓалиште во битолското село Драгожани. Претставува населба со црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 4 км југозападно од селото, на доминантен рид, каде што била старата локација на селото кое, според кажувањето, било запалено од Турците. Освен населба, овде има и остатоци од црква, а видливи се и гробови покриени со камени плочи, ориентирани во правец исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Вакафски Ледиње — црква од средниот век; Во Селото — некропола од средниот век; Дабички — црква од средниот век; Поројница — населба од римско време; Дабје — некропола од средниот век; Губерница — населба од средниот век; Драгожани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Драгожани Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола