Мечкарица — историско село, сместено во Пелагонија, северозападно од Битола, на левата страна на реката Шемница, на 3,5 км воздушна линија од Стрежевското Езеро. Атарот на ова село денес се води под селото Лопатица. Во XIX век Мечкарица се наоѓало во Битолската Каза на Битолска нахија. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 година Мечкарица имала 26 жителиВасил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237., додека веќе во 1905 година според Димитар Мишев, селото имало 16 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мечкарица се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 3 куќи.
Според пописот од 2002 година, во селото нема жители. Денес од ова село нема остатоци, но топонимот опстојува во катастарот како земјоделски предел.
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † †