Меѓународниот совет на институти за раководно консултантство ( или ICMCI) постои од 1987 година и е глобално професионално тело за менаџмент консултанти. Постои за: подигнување на стандардите на менаџмент консултантите секаде во светот зголемување на прифаќањето и почитувањето на менаџмент консалтинг професијата зголемување на меѓународниот и регионалниот профил на менаџмент консалтинг подобрување на процесот на сертификација низ целиот свет обезбедување на форум за национални тела за издавање потврди на менаџмент консултанти оодготвените и прогласените Стандарди за менаџмент консалтинг да бидат усвоени на меѓународно ниво ICMCI покажа дека домашните, компетентни и професионални, менаџмент консултанти додаваат капацитет и способност во една економија. Други, пак, покажаа дека во просек постигнатите придобивки од менаџмент консултантски ангажмани се најмалку трипати поголеми од надоместокот што консултантите го наплатуваат. Истражувањата покажуваат дека: домашните, компетентни и професионални, менаџмент консултанти додаваат капацитет и способност во една економија (и во земјите во развој можат да го зголеми успехот на проектите за развој) менаџмент консултантите ја градат конкурентноста на земјата преку забрзување и зголемување на делотворноста при имплементацијата на нови менаџмент техники и организациски подобрувања успешен кадар од професионални менаџмент консултанти го помага подобрување на менаџмент професијата во земјата Развиените економии имаат тенденција да имаат еден менаџмент консултант на околу илјада од вкупното население, додека пак, економиите во развој имаат по еден менаџмент консултант на секои две илјади. Врз основа на ова, постојат од 2,5 до 3 милиони луѓе во светот кои себеси се сметаат за менаџмент консултанти.
Институтите, Членки на ICMCI, ги претставуваат земјите од сите континенти, и вклучуваат помеѓу 85% и 90% од вкупно сите менаџмент консултанти во светот.
Организација на ICMCI
ICMCI е организација во која членуваат само професионални водечки тела за менаџмент консултантство кои се посветени на сертификација на менаџмент консултантите во земјата во која работат.
ICMCI е регистриран како швајцарско здружение водено од Совет составен од доверители (англиски: trustees).Повеќето од доверителите се назначени од страна на Институтите кои се Членови на организацијата, како што е дефинирано во претходниот параграф. Бројот на доверители за секоја земја варира од 1 до 4 во зависност од поединечните членства од страна на поединечни менаџмент консултанти во земјата. Други доверители го сочинуваат Извршниот Комитет (ИК), кој се гласа на секои две години од страна на сите доверители заедно и е составен од: Претседател, секретар, благајник и пет потпретседатели. Под раководството на ИК функционираат различни комитети, работни групи и фокус групи во зависност од потребата. Постојани Комитети се: Комитет за Членство (одговорен за надгледување на приемот на нови членови и континуирано придржување кон барањата на постојните членови), Комитетот за Професионални Стандарди (кој ги опфаќа сите професионални точки, вклучувајќи ги и Стандардите) и Комитет за Квалитет на Услуги (одговорен за проверка дека сите членови, Сертифицирани Менаџмент Консултанти, ги применуваат пропишаните Стандарди). Комитетот за Номинации и Планирање на успех (одговорен за изборот на ИК, и идентификување и негување на потенцијални идни доверители за ИК) е одговорен пред сите доверители како целина.
Покрај доверителите, Комитетите може да вклучат и поединечни менаџмент консултанти, членови на Институтите (претходно одобрени од тој Институт).
Сите доверители кои се во ИК мораат да бидат Сертифицирани Менаџмент Консултанти (англиски: Certified Management Consultants или CMC) и за време на изборите да бидат доверители од Институт кој е Полноправен Член на ICMCI. Нивниот ангажман е волонтерски и придонесуваат, во просек, еден до три дена неделно работа за организацијата. Во 2013 година, организацијата назначи Извршен Директор.
Во знак на поддршка, организацијата има постојан секретаријат кој работи за Комитетите и доверителите, вклучувајќи ги и сметководството, комуникациите и одржувањето на мрежната страница.
На мрежната страница (www.icmci.org) има подетални информации и контакти од доверителите од Извршниот Комитет, Извршниот Директор и Секретаријатот.
Сертифициран Менаџмент Консултант Професионалните купувачи на менаџмент консултантсво во светот наведуваат дека клучните барања на менаџмент консултантството се во растечки ред на приоритет: Знаење (на менаџментот, функцијата, секторот, општата економија, процесите и бизнис професиите), Вештини (аналитички и интер-персонални), Компетентност (способноста да ја менаџираат задача во тесна комуникација со клиентот), и Доверба (чување на организациските тајни, доверливост, интегритетот). Поголемите купувачи се свесни дека Магистратурата по Бизнис Администрација обезбедува докази за знаењето и аналитички вештини и, во зависност од курсот, пример некои курсеви за консултантски услуги и краток период на релевантно работно искуство.
ICMCI ги сфати овие барања и разви квалификации за Сертифициран Менаџмент Консултант. Овој сертификат примарно се доделува со процена заснована на компетенции придружена со Стандардна рамка на компетенции дефинирана од страна на ICMCI (види: http://www.icmci.org/?page=6972393 ) која како предуслов користи докази за поседување на соодветно знаење и најмалку три години успешна работна пракса. Се испитуваат студии на случај и се презема проценка на компетентноста. Сите носителите на квалификацијата се бара да бидат членови на нивните национални ICMCI Членки и на тој начин се посветени на кодексот на професионално однесување, најмалку толку рестриктивни колку што се дефинирани со ICMCI стандард (види: www.icmci.com ): оние кои не ги исполнуваат стандардите се предмет на дисциплинска постапка која може да резултира со отстранување на CMC ознаката. Сертифициран Менаџмент Консултант е еквивалент (земајќи ги предвид културните разлики) во сите земји и беше прва бизнис професионална квалификација во светот.
Историја Во мај 1987 година, триесет и два менаџмент консултанти од десет земји се состанаа за да ги истражат основи на професионалните институти кои биле познати по сертификација на поединечни менаџмент консултанти. На крајот на дводневниот состанок делегатите предложија формирање на Меѓународниот Совет на Институти за Менаџмент Консалтанти со цел подобрување на сертифицирањето на менаџмент консултантите во целиот свет. Институти за менаџмент консултантсво од седум земји ја формираа основата на новиот Совет.
Во 1989 година организациската структура на Советот, вклучувајќи ги и барањата за членство и процесот за апликација веќе беа поставени. Членство се зголеми на десет Институти со четири апликации во тек. Триесетте делегати од единаесет земји, кои присуствуваа на оваа сесија ги ратификуваа критериумите за структура и членство, се согласија да го формираат ICMCI како швајцарско здружение и го одобрија ICMCI Кодексот за професионално однесување. Овој ICMCI Кодекс стана првиот, а можеби и сè уште еднинствениот, меѓународен кодекс на однесување за секоја професија.
Во 1993 година беше усвоен стратешкиот план на ICMCI од страна на членовите. Одликите кои овој план ги вклучуваше беа: Меѓународни Стандарди, поддршка и придржување од Институтите членки, зголемено меѓународно признавање со поддршка (од меѓународни знчајни фактори и Институти членки) за сертификација на компетентни менаџмент консултанти на СМС (Certified Management Consultant) титула со потекло од канадскиот член кој беше воодушевен да овозможи ICMCI да ја користи титулата во целиот свет.
Од 1999 до 2003 стандардите за компетитивните СМС квалификации континуирано се развиваа и се услогласуваа. Се разви и програма за обезбедување на квалитет со цел осигурување дека сите носители на СМС се со еквивалентен стандард: првата бизнис квалификација која го постигна ова. СМС е светски еталон за компетенција, објективност, независност и професионалност во менаџмент консултантството.
Во јули 2001 година, ICMCI доби Специјален Консултативен Статус од страна на Економскиот и Социјален Совет на Обединетите Нации (англиски: United Nation’s Economic and Social Council или ECOSOC). Оттогаш, ICMCI, обезбедува научни трудови засновани на истражување за поддршка на целите на Обединетите Нации или на нејзините членки.
Од 2007 година , ICMCI го прошири работењето со меѓународнитела и организации вклучувајчи го ISO (Меѓународната организација за стандардизација ), CEN (Центраот за европски норми), EBRD (Европската Банка за обнова и развој ), IAF (Меѓународниот форум за каредитација) и ILO (Меѓунраодната органзиација на трудот)
Во 2011 година ICMCI започна координирана серија на иницијативи кои доведоа до назначувањето на ICMCI Академски соработници, првото доделување на титулата "СМС фирма".
CMC ФИРМА
"CMC фирма" е меѓународна акредитација на Менаџмент Консалтинг фирми управувани од страна на ICMCI и поддржана од страна на сите Институти членки на ICMCI. ICMCI управува со глобалниот директориум на СМС фирмите, кој е објавен на нивната мрежната страница. Концептот е заснован на акредитација на фирми преку признавање на нејзините високи стандарди на извонредност со фокус на етички практики, стандарди на однесување како и практики за менаџмент консултантство.
Поконкретно, за една фирма да добие статус на СМС фирма, таа мора да биде евалуирана со цел проверка на кодовите на етика и стандарди на однесување кои мора да бидат слични на оние од ICMCI. Како додаток на ова, фирмата мора да демонстрира дека нејзините менаџмент консултанти дејствуваат во својата област следејќи слични структури на знаење како оние од кои е составена основата на професијата Сертифициран Менаџмент Консултант. Еден од начините за да се утврди ова е со преглед на внатрешната програма за развој, следењето на кариерите, како и јасно покажувајќи дека голем број на поискусните менаџмент консултанти или се веќе СМС или работат кон постигнување на таа цел.
Аспект 1 – Код на однесување – СМС фирмите мора да следат код на однесување кое е еквивалентен или подобар од ICMCI кодот кој веќе го користат повеќе од 46 земји низ светот. Доказите за овие барања можат да вклучуваат:
- Обука во компанијата и комуникации – Авторски дела на компанијата (код на однесување и слично) – Повратна информација од клиентите – Конфирмација од локални Институти – Признанија од други консултативни тела – Повратни информации од консултанти – Информации од јавен карактер (интернет, вести и слични)
Аспект 2 – Процес на професионално развивање
СМС фирмите мора да вработуваат, обучуваат и ги насочуваат своите консултанти за да ги исполнат стандардите на професионална компетентност кои се еквивалентни или подобри од тие на ICMCI моделот за компетентност.
Доказите за овие барања можат да вклучуваат: - Правила на вработување – Модел на компетентност на фирма за менаџмент консултантство – Програми за обучување на консултанти – Процеси за планирање и оценување на личен развој – Квалификација на консултанти (СМС и сл.) – Време и ресурси за обучување – Повратна информација од клиенти – Извештаи и презентации од консултации
Аспект 3 – Учесник во Професионалната околина – СМС фирмата мора да учествува активно во менаџмент консалтинг професијата во сите земји каде што работи. Доказите за овие барања можат да вклучуваат:
- Соработка со трговски/индустриски организации и професионални тела – Издавање на професионални статии, осврти, блогови – Јавно говорење и конференции – Предавање на менаџмент консалтинг во Бизнис училишта, Универзитети и слично – Искусен кадар со официјални улоги во локалните Институти – Финансиска поддршка за професионални активности – Обука и менторство на консултанти во други фирми.