мини|десно|280п|Карта на Керчкиот Полуостров.
Керчки Полуостров (, , ) — полуостров во источниот дел на Крим, Русија. Се протега кон Таманскиот Полуостров во Краснодарскиот крај и потсетува на теснец помеѓу двете соседни мориња: Азовското и Црното Море. Поголемиот дел од полуостровот влегува во рамките на Ленинскиот реон.
Полуостровот е скоро целосно опкружен со вода и само на запад се поврзува со копното на Крим преку теснец кој е широк само 17 километри (од јужниот крај на Арбатскиот Провлак до градот Приморски, Феодосија). Јужниот брег на полуостровот се граничи со самото Црно Море и Феодосискиот Залив, додека на исток како природна граница е Керчкиот Проток, додека северните брегови се дел од брегот на Азовското Море, Казантипскиот Залив и Арбатскиот Залив. Северозападно од полуостровот се издвојува друг теснец познат како Арбатски Провлак, кој го раздвојува Сиваш од Азовското Море.
Најширок дел од полуостровот е помеѓу ’ртот Казантип и ’ртот Хауда, околу 52 километри. Должината на полуостровот е над 90 километри од западниот дел до ’ртот Фонар. Вкупната површина на полуостровот е само 2.830 км², што е само 10% од вкупната површина на Крим.
Поврзано Керчки Проток Ленински реон Кримски мост
Надворешни врски Керчки Полуостров на Големата советска енциклопедија Подетален опис на полуостров Реки и заливи на Керчкиот Полуостров Карти за областа
Полуостров Категорија:Географија на Крим Категорија:Полуострови во Русија