Хајлигендам () — село и приморско одморалиште, основано во 1793, во округот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Местото е најстара бања во континентална Европа и Германија. Хајлигендам е дел од градот Бад Доберан и историски припаѓа на областа Мекленбург.

Велепоседничките куќи и бањските градби во бањска архитектура крај брегот се остатоци од славните денови на селото, кога овој дел на Балтичкото Море било главното сврталиште на европското благородништво.Бредли, Кимберли. „Бањскиот град го враќа својот сјај“ New York Times 3 јуни 2007. Поради класицистичките бели згради крај шеталиштето на плажата, селото е исто така познато како „Бел бисер“ () или „Белиот град на море“ ().

Во селото се наоѓа познатиот хотел со пет ѕвездички, Гранд Хотел Хајлигендам, во кој се одржал 33. самитот на Г8 во 2007. Теснолиниската парна железница, позната како „Моли“ (Molli), поврзувајќи го Хајлигендам со Килунгсборн и Бад Доберан.

Историја

мини|лево|Основано во 1793, Хајлигендам е најстарото приморско одморалиште во континентална Европа мини|лево|Панорама на Хајлигендам, 1887

Хајлигендам се развил во елегантно место за благородништво и високо општество. Помеѓу најпознати гости во бањата биле германските цареви.

Неговиот основач и првиот гостин во 1793 бил големиот војвода на Мекленбург, Фридрих Франц I; бањата ја направил модерна. Помеѓу 1793 и 1870, Јохан Кристоф, Хајнрих фон Зајдвиц, Карл Теодор Северин и Густав Адолф Демлер изградиле многу градби во местото, наменети за бањи и одмор. Хајлигендам бил секогаш сметан за најмодерно приморско одморалиште во Германија. Благородништвото од цела Европа престојувало во текот на летото во текот на век.

По Втората светска војна, градбите во Хајлигендам биле користени како ментални институции. Кога Мекленбург станал дел од комунистичката Источна Германија, некои од најпознатите градби на Хајлигендам биле уништени и заменети со униформни градби. По повторното обединување на Германија во 1989/1990, група на инвеститори ги купиле поголемиот дел на градбите и презеле програма за обнова.

лево|мини|Гранд Хотел Хајлигендам

Новата компанија, Кемпински Гранд Хотел, бил отворен во летото 2003 — користел шест историски градби вклучувајќи ја историската Курхаус (Kurhaus) на плажата во Хајлигендам. Развојот довел до одредено спротивставување со месното население, откако главните улици и велосипедски патеки биле уништени или прекроени. Исто така познатата градба на комплексот била срушена. Дворецот веднаш до Гранд Хотел бил обновен во 2011. Обновата на другите градби тече според планот.

На 13 јули 2006, американскиот претседател Џорџ В. Буш престојувал во Хајлигендам додека бил во државна посета на германската канцеларка Ангела Меркел во Штралзунд.

Од 6 до 8 јуни 2007, Гранд Хотел Хајлигендам бил домаќин на 33. самит на возачите на Г8. Во текот на самитот, илјадници антикапиталистички активисти од целиот свет ги блокирале патиштата до Хајлигендам и околу 25.000 антиглобалистички протести во соседниот Росток."An Orgy of Violence as G8 Approaches; German City Rocked by Violent Riots," Der Spiegel. 2 јуни 2007.

Во јули 2013, Гранд Хотел Хајлигендам бил купен од сметководителот Паул Морзињски, кој планирал да го прошири.Луксузниот хотел купен од сметководител (Der Spiegel, германски)

Знаменитости

мини|120п|Евангелистичка шумска црква од 1904

Бањската архитектура близу плажите во Хајлигендам, вклучувајќи ги класицистичките и истористичките дворци и бањски градби, се дел од уникатното наследство, како први такви градби на европскиот континент. Областа на Гранд Хотел е делумно достапен за посетители.

Теснолиниската железница позната како „Моли“ води од Хајлигендам преку Килунгсборн до Бад Доберан. Линијата помеѓу Бад Доберан и Хајлигендам била изградена во 1886. Евангелистичката шумска црква (Evangelische Waldkirche) била обновена по Мирната револуција, додека Католичката црква на Светото Срце (Herz-Jesu-Kapelle) — затворена.

Исто така, Хајлигендам има крајбрежна патека во должина од 200 метри во Балтичкото Море, кој овозможува прекрасен поглед на плажата и вилите.Ostsee-Zeitung: Seebrücke in Heiligendamm wieder begehbar

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Приморски одморалишта во Германија Категорија:Села во Мекленбург-Западна Померанија Категорија:Бад Доберан Категорија:Росток (округ) Категорија:Населени места основани во 1793 година