Сртот — археолошко наоѓалиште во битолското село Злокуќани. Претставува населба од железно време. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото, на долг гребен, издолжен во правец североисток-југозапад, кој е дел од највисокиот врв на планинскиот масив Неолица. Видливи се остатоци од трасата на одбранбениот ѕид на населбата. По површината наместа се среќаваат фрагменти од керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Злокуќани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Злокуќани (Битолско)