Вистински детектив () — американска криминалистичка серија на HBO создадена од Ник Пицолато, која се прикажува како антологија — секоја сезона претставува поинаква приказна со различни глумци.
Дејствието во првата сезона се одвива во Луизијана, САД каде што главни глумци се Метју Меконахи и Вуди Харелсон. Режисер на сезоната е Кери Фукунага. Заплетот на сезоната се врти околу обидите на двајца детективи да пронајдaт сериски убиец во период од 17 години. Оваа серија ја имала својата премиера на 12 јануари 2014 година. Првата сезона се состои од 8 серии.
Главни глумци Метју Меконахи како дет. Растин „Раст“ Кол (Det. Rustin „Rust“ Cohle) Вуди Харелсон како дет. Мартин „Марти“ Харт (Det. Martin „Marty“ Hart) Мишел Монаган како Меги Харт (Maggie Hart) Мајкл Потс како дет. Мејнард Гилбоу (Det. Maynard Gilbough) Тори Китлс како дет. Томас Папанија (Det. Thomas Papania)
Наводи
Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на Warner Bros. Television Категорија:Американски детективски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на англиски јазик