Бугарофилија (составено од грчките зборови βουλγαρο- „бугаро-“ и φιλία „пријател“) — човек што е пристрасен кон бугарството. Односно претставува термин кој опишува човек кој има симпатии кон Бугарија, иако самиот тој не е Бугарин. Затоа и буквалниот негов превод означува пријател на Бугарите (што би значело дека тој човек не е Бугарин по род).

Употреба на терминот во минатото Во периодите кога Вардарска Македонија била под српска окупација, српските власти како бугарофили/бугараши ги етикетираат сите оние Македонци кои имаат изразени македонски чувства и се борат за независна или обединета Македонија. После 1945 година, терминот бугараш, како погрден збор, го употребуваат и комунистите од Македонија како етикета за сите про-бугарски ориентирани Македонци (кои соработувале со фашистичкиот окупатор или биле дел од бугароманските контрачети), како и за останатите десно ориентирани Македонци и противници на југословенската федерација. Многу македонски родољуби се убиени, затворани и испраќани на Голи Оток како бугараши, заедно со оние кои навистина себеси се чувствувале за Бугари и работеле за бугарската кауза. Односно тогашната држава не правела разлика меѓу македонските патриоти и бугарофилите и тенденциозно Македонците кои се залагале за самостојно работење биле нарекувани бугараши. Класичен пример е дискредитирањето на Методија Шаторов - Шарло од страна на Тито со зборовите стариот Бугарин или обвинувањето на Вера Ацева која го тврди следното:

Употреба на терминот во поновата историја Според Љупчо Георгиевски, не само што тој, туку и 90 проценти од ВМРО-ДПМНЕ во раните 1990-ти години, како и 50 отсто од Владата што тој ја раководел од 1998 до 2002 година, се чувствувале како македонски бугарофили.Што се случува во десницата? Утрински весник, број 3294 од 31 мај 2010 година.

Во средината на деведесеттите, почнува да се употребува терминот бугароман, кое ги опишува лицата кои иако не се Бугари по род, но работат за бугарската политика и историографија, ширејќи ја нивната пропаганда, на штета на македонската и себеси си се прикажуваат и декларираат како Бугари.

Драган Богадновски, отворено и јасно се дистанцира и го осудува бугароманското однесување на Љупчо Георгиевски:

Разлика во терминологија Во денешно време термините:

Македонски Бугари — опишуваат Бугарско малцинство кое живее во Република Македонија. Бугарофил — опишува човек кој приоритет му е Република Македонија, (нејзината култура, цивилизација, историја), а кога се работи за други држави, секогаш ја претпочита и поддржува Бугарија (но, не и по штета на Македонија) Бугароман — опишува човек кој поради бугарската пропаганда, себеси си се декларира како Бугарин, а притоа работи за бугарската кауза, ја шири бугарската пропаганда, на штета на својата матична држава Република Македонија.

Поврзано Србомани Гркомани Бугаромани

Наводи

Надворешни врски

Тоа е тој - осврт на изјавите на Љупчо Георгиевски

Категорија:Иредентизам