Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Кукуречани. Претставува населба од неолитско и римско време . Се наоѓа источно од селото, на левата страна од патот за селото Карамани, кај месноста Средни Ливади, каде се издига блага височинка што доминира над околниот терен. Овде, при земјоделските работи жителите пронаоѓале куќен лепеж, покривни ќерамиди и множество фрагменти од неолитски и римски керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Магловска Нива — населба од неолитско и римско време; Тумба во Селото — населба од неолитско време и некропола од средниот век; Кула — црква од средниот век; Кукуречани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Кукуречани