Долни Висои — археолошко наоѓалиште во битолското село Ново Змирново. Претставува населба од неолитско и бакарно време. Се наоѓа во истоимениот потес на селскиот атар, каде при копањето на каналот за наводнување од хидросистемот Стрежево населбата делумно била оштетена. Со заштитните археолошки ископувања, изведени од страна на Заводот и музеј од Битола, била пронајдени два хоризонта на живеење и биле откриени многубројни археолошки наоди: керамички садови, култни предмети и орудија од коска, камен и кремен. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Ново Змирново; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Ново Змирново