Трн Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на 2 км од селото и на околу 50 м од селскиот пат за Кравари. Висока е околу 3 м, а во основата има правилна кружна форма. По површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, дислоциран куќен лепеж, орудија од камен, коска и печена земја. Најдени се и фрагменти од жртвеници, цилиндри со антропоморфна претстава. Наодите се наоѓаат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано На Тумба — населба од неолитско време; Тумба — населба од неолитско време; Св. Атанас — наоѓалиште од непознат тип и период;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Св. Никола — наоѓалиште од непознат тип и период; Оптичари; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Оптичари (село)