Милано-Санремо 2014 — 105. издание на еднодневната класична велосипедска трка Милано-Санремо. Се одржала на 23 март на растојание од 294 километри и била четврта трка во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена преку масовен спринт од Норвежанецот Александер Кристоф, пред Фабијан Канчелара и Бен Свифт.
Рута и фаворити
Организаторите на трката вовеле многу промени во рутата за изданието во 2014 година, со новото искачување Помпеијана помеѓу постоечкото Чипреса и Поџо при крајот на трката, додека претходното искачување Ле Мани биле тргнато. На ова се гледало како воспоставување рамнотежа во корист на искачувачите отколку за спринтерите, а многу спринтери, вклучувајќи го и победникот од 2009 Марк Кевендиш () изјавиле дека нема да настапат. Меѓутоа, во февруари 2014, организаторите на трката објавиле дека нема да се вози на новото искачување поради лошите временски услови.
Бидејќи немало замена на искачувањето, рутата била истата како онаа во 2007 и поради тоа била во корист на спринтерите, поради порамниот терен отколку минатите години. Подоцна, Кевендиш и Андре Грајпел () одлучиле дека ќе настапат на првиот монумент во сезоната. Петер Саган од бил сметан за еден од главните фаворити на трката, поради неговите спринтерски вештини и способностите за искачување. Кевендиш, Грајпел и возачот на Џон Дегенколб биле сметани за фаворити при масовен спринт на крајот на трката, додека Фабијан Канчелара (), Филип Жилбер од , возачот на Сајмон Геранс и Том-Јелте Слагтер од ќе бараат начини за победи со бегство во последните искачувања. Геранс не настапувал на трката поради болест.
Екипи
Бидејќи Милано-Санремо е трка од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат своја екипа. На седум други екипи им биле дадени специјални покани за трката, со што се создала група од 25 екипи.
Екипи кои настапиле на трката:
Преглед на трката
мини|Седморицата бегалци во Савона
Милано-Санремо 2014 била освоена со силен спринт на Александер Кристоф од , кој го отпочнал спринтот на околу 150 метри пред целта и се одвоил јасно пред Марк Кевендиш. Фабијан Канчелара од завршил втор по третпат на трката, а петти пат на подиум во седум години.
Бен Свифт од бил изненадување на третото место, пред Хуан Хосе Лобато () и Марк Кевендиш (). Двајца од фаворитите ја пропуштиле завршницата, Џон Дегенколб имал дупната гума пред Поџо, а Андре Грајпел имал грч по потерата да стигне до групата на Поџо.
Трката била возена во ужасни услови со град и пороен смрзнувачки дожд, кој паѓал на возачите со часови. Раното бегство од седум возачи изградило значајна предност, но тие биле достигнати на Чипреса, кога Винченцо Нибали () започнал напад. Имал предност од 35 секунди пред главната група, но не успеал да се задржи пред нив, кои биле предводени од Катјуша и Кенондејл.
При крајот групата се намалила на 27 возачи, кои стигнале до завршницата, а Кристоф извонредно бил доведен од колегата Лука Паолини и се покажал како најсилен на крајот на тешкиот ден.
Резултати
ВелосипедистЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Милано-Санремо Категорија:Италија во 2014 година Категорија:Светска турнеја на UCI 2014 Категорија:Друмскиот велосипедизам во 2014 година