Стари Гробови — археолошко наоѓалиште во битолското село Раштани. Претставува некропола од среден век. Се наоѓа на мала височинка што се наоѓа во непосредната близина на црквата „Св. Никола“, од јужната страна на селото, каде во 1981 година било извршено археолошко истражување. Тогаш биле откриени гробови градени од камени плочи. Во гробовите се најдени и гробни прилози, и тоа прстени, обетки, белезици и др. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Змеиште — населба од железно време; Раштани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Раштани (Битолско)