Старо Село — археолошко наоѓалиште во битолското село Ротино. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на 700 м североисточно од селото, во месноста Старо Село, каде што при обработувањето на земјата биле откриени темели од ѕидови градени од камен и варов малтер и питоси. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, имбрекси, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Манастирска Црква — населба од средниот век; Стара Црква — црква и некропола од средниот век; Арнаутски Пат— пат од римско време; Ротино; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Ротино