Голема Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Трн. Претставува населба од неолитско време.Се наоѓа на околу 800 м северозападно од селото, во блокот на ЗИК „Пелагонија“. Има правилна кружна основа со пречник од околу 200 м и височина до 5 м. Во 1973 година Заводот и музеј од Битола извршил заштитно археолошко ископување при што е пронајдена повеќеслојна населба со богат археолошки материјал. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Мала Тумба — населба од неолитско време; Тумба — населба од неолитско време; Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Трн; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Трн (село)