десно|200px Во Македонија постои Закон за изборните единици со кој државата е поделена на 6 изборни единици и 3 изборни единици надвор од нејзината територија кои ја застапуваат македонската дијаспора. Бројот на гласачи во секоја изборна единица е речиси идентичен со околу 278.000 гласачи. Изборни единици се: Изборна единица 1 Изборна единица 2 Изборна единица 3 Изборна единица 4 Изборна единица 5 Изборна единица 6 Изборна единица 7 Изборна единица 8 Изборна единица 9
Број на избирачи и еднаквост на гласот Со цел да се обезбеди еднаквост на гласот на граѓаните, Изборниот законик на Република Северна Македонија предвидува територијата на државата да биде поделена на шест изборни единици со приближно еднаков број на запишани избирачи. Овој принцип на приближна нумеричка еднаквост е еден од основните елементи на пропорционалниот изборен модел и треба да гарантира дека гласот на секој граѓанин има слична тежина, без оглед на изборната единица во која се наоѓа. Разликите во бројот на запишани избирачи се минимални и се движат во рамки од неколку илјади, што во голема мера го исполнува условот за нумеричка еднаквост.
Сепак, и покрај приближно еднаквиот број на запишани избирачи, постои индиректна нееднаквост во ефективната тежина на гласот, при што гласот во Изборна единица 6 тежи повеќе во споредба со другите единици. Во Изборната единица 6 (која ги опфаќа општините од северозападниот дел на државата) излезноста е честопати значително пониска во споредба со останатите изборни единици. Оваа појава се повторува на повеќе парламентарни избори, при што шестата изборна единица обично бележи најниска излезност. Пониската излезност во ИЕ 6 доведува до тоа да пратенички мандат се освојува со значително помалку гласови отколку во единиците со повисока излезност. Ова претставува индиректно отстапување од целосната еднаквост на ефективната тежина на гласот, иако формалниот број на запишани избирачи останува приближно еднаков согласно законската регулатива. +Распределба на гласачи по изборни единици на парламентарните избори во 2020 и 2024 годинаИзборна единица20202024Регистрирани гласачиГласалеИзлезност (%)Просечни гласови по мандатРегистрирани гласачиГласалеИзлезност (%)Просечни гласови по мандат1309.210164.28753,168.214299.379185.29461,899.2652319.820153.51548,007.676320.434175.75254,858.7883275.571151.85255,107.593274.534165.28660,218.2644279.187166.79159,758.340278.283170.03761,108.5025292.736154.29252,707.715309.836163.47352,768.1746300.034107.43235,815.372316.832135.95142,916.798
Поврзано Избори во Република Македонија Општини во Република Македонија Статистички региони во Македонија
Наводи
Категорија:Административна поделба на Македонија Изборни единици