Тетанусот е акутна болест која ја предизвикува бактеријата () која произведува два токсини, од кои еден доведува до прекин на црвените крвни зрнца, а другиот се шири по централниот нервен систем, што предизвикува болни мускулни контракции и мускулна ригидност. До инфекција со бактеријата доаѓа преку повреди и рани на кожата. Тетанусот е проширен низ цел свет, но се спречува со вакцинација.

Симптоми Болеста се манифестира со: треска; мускулни грчеви, постојат два вида на грчење: постојано - континуирани, не минуваат и до неколку дена; повременo - краткотрајни кои траат од неколку секунди до една минута. Инкубацијата трае два дена па дури и до неколку месеци. Кај пациентите прво се забележуваат мускулни грчеви при џвакање, а потоа грчењето се шири низ цело лице, што доведува до карактеристичен изглед на лицето на заболениот (). Потоа грчевите ги зафаќаат и мускулите во грбот, па пациентот го тера на лежење во необична положба (во лак кон наназад). Кога грчевите ќе ги зафатат и предниот дел, кај градниот кош и стомакот, кај пациентот се јавуваат тешкотии со дишење.

Покрај грчење на мускулите, присутни се и болки на целата мускулатура. Во лесните облици ова грчење трае по неколку секунди, но во потешките и до минута, но се повторуваат на неколку минути, со што се влошува состојбата на пациентот. Во случај на подолго грчење на респираторната мускулатура може да дојде и до цијаноза и смрт кај пациентот.

Дијагноза

Дијагнозата се поставува исклучиво на темелно прегледување на клиничката слика, а посебно треба да се обрати внимание на раните на пациентот. Лекување За лекување на тетанусот потребно е обработка на раните и антибиотска терапија, најчесто со пеницилин. Потребно е да се примени и хуман тетанус имуноглобулин (HTIG) и тетанус анатоксин. На пациентите им се дава и препарати од диазепам, мускулни релаксанси, бета блокатори, аналгетици и кардиотоници. Се препорачува и одење во тивки и мрачни простории, по можност во болнички услови. Надворешни врски

Портал од областа на здрвјето

Категорија:Инфективни болести Категорија:Неврологија Категорија:Бактериски болести