300px|thumb|десно|Рамзес II, Британски музеј Рамзес II (; ~ 1303 г. п.н.е. — јули или август 1213 г. п.н.е. ), наречен и Рамзес Велики — третиот египетски фараон од XIX династија, кој владеел од 1279 г. п.н.е. па сè до 1213 г. п.н.е. Често се смета за најголемиот, најпознатиот и најмоќниот фараон на египетската империја. Неговите наследници, кои подоцна станале Еѓипќани го нарекувале , , Големиот предок”. Рамзес II предводел неколку воени експедиции во Левант со цел повторно да ја наметне египетската контрола врз Ханаан. Тој, исто така , предводел експедиции на југ, во Нубија, кои се впишани во натписите во Беит Ел-Вали и Герф Хусеин.
На 14-годишна возраст, Рамзес бил назначен како принц-регент од страна на неговиот татко Сети I. Според современите историски записи и на Манетон и на Египет, се верува дека тој стапил на престолот за време на неговите доцни тинејџерски години и познато е дека владеел со Египет од 1279 г. п.н.е. до 1213 г. п. н. е, односно 66 години и 2 месеца. За него, еднаш било речено дека живеел 99 години, но поверојатно е дека умрел на 90 или 91 година. Ако тој станал фараон во 1279 г. п.н.е. , како што денес веруваат повеќето египтолози, тој ќе го преземал престолот на 31 мај, 1279 г. п.н.е. , врз основа на познатиот датум на стапување на престолот на 27-от ден од третата последна сезона од египетскиот календар(на египетски: шему). За време на неговото владеење, Рамзес прославил 14 хеб-сед фестивали (првиот се одржувал по триесет години од владеењето на фараонот, а потоа на секои три години), повеќе од кој било друг фараон. По неговата смрт, тој бил погребан во гробница во Долината на кралевите. Подоцна , неговото тело било преместено во кралското почивалиште каде што било откриено во 1881 година, а сега е изложено во музејот во Каиро.
На почетокот на неговото владеење тој бил заинтересиран за градење на градови, храмови и споменици. Тој го основал градот Пер-Рамзес во делтата на реката Нил и го поставил како престолнина и главна база за неговите походи во Сирија. Овој град бил основан врз остатоците од градот Аварис, тогашниот главен град на Хиксите кога тие го презеле, и во овој град се наоѓал главниот храм на богот Сет. Во грчките извори, тој е познат и како Озимандија, од транслитерација на грчки на дел од престолното име на Рамзес, Usermaatre Setepenre, силната вистина (маат) на Ра, изберено од Ра”.
Походи и битки Во својата младост, Рамзес II тргнал на бројни походи со цел да ги обезбеди границите на Египет и да ги врати назад претходно поседуваните територии кои биле во рацете Нубијците и Хетејците. Тој, исто така, бил одговорен за задушување на некои нубијски востанија, како и за организирање на поход во Либија. Иако Битката кај Кадеш често се наметнува во научниот поглед на воените вештини и моќта на Рамзес II, сепак тој извојувал повеќе целосни победи врз непријателите на Египет. За време на неговото владеење, се проценува дека египетската војска достигнала број од околу 100. 000 мажи, што претставувала страшна сила која тој ја користел за да го зајакне египетското влијание.
Битката против морските пирати Шаќрдани
Во втората година од владеењето, Рамзес II убедливо ги поразил морските пирати Шаќрдани кои предизвикале хаос на средоземното крајбрежје на Египет и ги напаѓале натоварените бродови кои пловеле по поморските патишта кон Египет. Шаќрданите најверојатно доаѓале од брегот на Јонија или пак можеби од југозападна Анадолија. Рамзес испратил војници и бродови на стратешки места долж крајбрежјето и стрпливо им дозволил на пиратите да го нападнат нивниот плен пред вешто да ги изненади во поморската битка и да ги зароби сите со една борба. Една стела од градот Танис сведочи за нивното доаѓање “во нивните воени бродови од средината на морето, и никој не можел да застане пред нив “. Морало да има поморска битка некаде близу устието на реката Нил, бидејќи набрзо потоа многу Шердани биле видени како стражари на фараонот, и биле забележливи поради нивните рогати шлемови со испакната топка на средина, поради кружните штитови и големите мечеви од типот Нау II со кои биле прикажани во натписите на Битката кај Кадеш. Во таа поморска битка, фараонот, исто така, ги поразил народите Лука(можеби подоцнежните Ликијци)и народите Шекелеш.
Првиот сириски поход
Непосредните настани кои и претходеле на Битката кај Кадеш биле раните походи на Рамзес II во Ханаан. Се чини дека неговиот прв поход се случил во четвртата година од неговото владееење и бил одбележан со поставување на стела близу денешен Бејрут. Поради атмосферски влијанија, натписот е речиси целосно неразбирлив. Неговите записи ни кажувааат дека тој бил принуден да се бори против принцот од Ханаан, кој бил смртно ранет од еден египетски стрелец, и чијашто војска подоцна била распуштена. Рамзес ги однел принцовите од Ханаан како живи затвореници во Египет. Тогаш, Рамзес ги ограбил владетелите на областите на денешен Среден Исток и за да му се оддаде почит, секоја година се враќал во неговите командни места во Ривла. Во четвртата година од неговото владеење, за време на сирискиот поход, тој ја заробил хетејската вазалска држава Амуру.
Вториот сириски поход
Во петтата година од своето владеење, Рамзес организирал поход на територија на Сирија против хетејските армии на Муватали , во кој најважна битка била онаа кај Кадеш. Фараонот сакал победа кај Кадиш, и за да ги ги прошири египетските граници во Сирија и за да го следи примерот на татко му Сети I кога триумфално влегол во градот пред една деценија. Тој, исто така, го изградил новиот главен град Пер-Рамзес, каде што изградил фабрики за производство на оружје, бојни кочии, штитови, и кои наводно произведувале 1000 парчиња оружје за една недела, околу 250 бојни кочии за две недели, и 1000 штитови за недела и половина. По овие подготовки, Рамзес тргнал да ја нападне територијата кај Левант, која припаѓала на еден непријател посилен од кој било друг со кој тој се соочил претходно. Тоа била Империјата на Хетејците.
Иако војската на Рамзес била во помал број кај Кадеш и била фатена во заседа од страна на Хетејците, Рамезес се борел до крај и се вратил дома како херој. Војската на Рамзес претрпела големи загуби, особено во дивизијата “Ра” која за време на битката била распуштена по првиот напад на хетејските кочии . Откако се вратил во Египет, Рамзес рекол дека извоил голема победа. Тој ги изненадил сите со тоа што речиси победил во битка која била изгубена. Битката кај Кадеш била личен триумф за Рамзес, кога по паѓањето во заседа на Хетејците, младиот крал храбро ја обединил неговата расфрлана војска да се бори на бојното поле, додека тој избегнал смрт или заробување. Сепак, многу историчари ја сметаат оваа битка како стратегиски пораз за Египќаните бидејќи не успеале да го окупираат градот или територијата околу Кадеш. Рамзес ги украсил своите споменици со релјефи и натписи кои го опишуваат походот во целост, а особено битката претставена како голема победа. Натписите за неговата победа ги украсуваат ѕидовите на храмовите Рамесеум, Абидос, Карнак, Луксор и Абу Симбел. На пример, на ѕидовите на храмот Луксор, блиската катастрофа била претставена како чин на херојство:
“Неговото височество ги заклал сите вооружени хетејски војници, нивните големи владетели и нивните браќа. . . нивната пешадија и кочии паднале ничкум, едни врз други. Неговото височество ги убил. . . и тие испружено легале пред нивните коњи. Но, неговото височество бил сам, никој не го придружувал. ”
Третиот сириски поход
Влијанието на Египет сега било ограничено до Ханаан, додека Сирија паднала во рацете на Хетејците. Хананејските принцови, навидум охрабрени од неможноста на Египет да ја наметне својата волја како и потикнати од страна на Хетејците, покренале бунт против Египет. Уште еднаш, Рамзес II се вратил во Сирија, но овој пат се покажал поуспешен против непријателите Хетејци. За време на походот, тој ја поделил својата војска во две армии. Едната била предводена од неговиот син Амонхеркепешеф, и ги бркала воините на племињата Хасу преку Негев, па сè до Мртвото Море, и го заробила Едом-Сир, а потоа и Моаб. Другата армија, која била предводена од Рамзес, го нападнала Ерусалим и Ерихон. Потоа, тој, исто така , во Моаб каде што се приклучил на неговиот син. Потоа, обединетата војска продолжила кон Хесбон, Дамаск, до Кумиди, за на крај да го зароби Упи(земјиштето околу Дамаск) и повторно да го воспостави влијанието на Египет.
Подоцнежни походи во Сирија мини|Заробеници од Западна Азија на Рамзес II во Абу Симбел. Рамзес продолжил со воените успеси во осмата и деветтата година од своето владеење. Ја преминал реката Дог(Нар ал - Калб)и се упатил на север кон Амуру. Неговата војска успеала да стигне до Дапур каде што подигнал своја статуа. Па така, египетскиот фараон се нашол во северен Амуру, доста далеку од Кадеш, каде што не бил виден ниту еден египетски војник уште од времето на Тутмос III, речиси пред 120 години. Првин го опколил градот, а потоа го заробил. Н еговата победа се покажала како краткотрајна. Во деветтата година од владеењето, Рамзес подигнал стела во Бејт-Шеан. Откако повторно ја воспоставил својата власт во Ханаан, Рамзес се упатил на север заедно со својата војска. Таму, веројатно во десеттата година била поставена една стела, која поголемиот дел е нечитлива и се чини дека датира од втората година од владеењето на кралот, . Тенкиот појас земја помеѓу Амуру и Кадеш не бил доволен за стабилно владеење. Во рок од една година, тие се вратиле кај хетејскиот дол, така што Рамзес уште еднаш морал да се упати кон Дапур во неговата десетта година од владеењето. Овој пат тврдел дека се борел во битката и го облекол својот оклоп дури по два часа откако започнала битката. Шест синови на Рамзес, кои сè уште ги носеле страничните плетенки, учествувале во ова освојување. Тој заземал градови во Ретену и Тунип во Нахарин, кои подоцна биле испишани на ѕидовите на Рамесеумот. Вториов успех бил исто толку значаен како првиот, бидејќи ниту една моќ не можела убедливо да ја порази другата во битка.
Мировен договор со Хетејците
По неуспешните завери да го отстрани својот чичко од престолот, поразениот хетејски крал Мурсили III побегнал во Египет-неговата непријателска земја. Хатушили III одговорил со тоа што му побарал на Рамзес II да го предаде неговиот внук назад во земјата на Хетите.
Ова барање ги заладило односите помеѓу Египет и земјата на Хетите бидејќи Рамзес велел дека не знае каде се наоѓа Мурсили во неговата земја, со што двете империи сериозно се приближиле кон војна. Конечно, за да стави крај на конфликтот, Рамзес решил да склучи договор со новиот хетејски крал Хатушили, во Кадеш, во дваесет и првата година од своето владеење(1258 г. п. н. е). Претстојниот документ е најраниот познат мировен договор во светската историја.
Мировниот договор бил запишан во две верзии кои опстанале, од кои едната била запишана со египетски хиероглифи, а другата со акадски со клинесто писмо. Таквото двојазично запишување е често за многу последователни договори. Сепак, овој договор се разликува од другите по тоа што двете јазични верзии се различно формулирани. Иако, поголемиот дел од текстот е идентичен, хетејската верзија вели дека Египќаните дошле да молат за мир, додека пак египетската верзија го вели спротивното. Договорот бил предаден на Египет во вид на сребрена спомен-плоча, и оваа верзија со облик на џебна книга била однесена назад во Египет и врежана во храмот на Карнак.