Оскар Шиндлер (28 април 1908 – 9 октомври 1974) — германски индустријалец, шпион, и член на Фашистичката партија на кој му се припишува спасувањето на 1.200 Евреи за време на Холокаустот со тоа што ги вработувал во неговите фабрики за емајлирани садови и амуниција кои се наоѓале во денешна Полска и во Чешката Република. Тој е главниот лик во романот од 1982 година наречен ,,Шиндлеровата Арка”, и во филмот заснован на истата книга наречен ,,Шиндлеровата Листа”, во кој е прикажан неговиот живот на опортунист првично мотивиран од профит, но кој понатаму во животот покажува готовност, истрајност, и посветеност за да се спасат животите на неговите Евреи вработени во фабриките.

Шиндлер пораснал во Свитави, Моравија, и работел во неколку бизниси пред да се приклучи на организацијата Абвер, службата за разузнавање на Фашистичка Германија, во 1936 година. Тој и се приклучил на Фашистичката Партија во 1939 година. За време на германската окупација на Чехословачка во 1938 година, тој збирал информации за германската влада во врска со железничката линија и движењето на трупите. Бил уапсен за шпионажа од страна на владата на Чешка но бил ослободен со условите на Договорот од Минхен во 1938 година. Шиндлер продолжил да собира информации за фашистите така што во 1939 година работел во Полска, година кога Германија ја напаѓа истата и почетокот на Втората светска војна.

Шиндлер во 1939 добил фабрика за емајлирани садови во Краков, Полска, којашто вработила околу 1.750 работници, од кои илјада биле Евреи. Соработката со Абвер му помогнала да ги заштити своите еврејски работници од депортација и сигурна смрт во фашистички концентрациони логори. Шиндлер првично бил заинтересиран за големиот потенцијал на фабриката за правење на пари. Подоцна започнал да ги брани своите вработени без оглед на цената. Со текот на времето тој морал да им дава на фашистичките офицери уште поголеми мита и луксузни подароци кои се добивале само на црниот пазар со цел да ги заштити работниците. Како што Германија во јули 1944 година почнала да ја губи војната , Шуцштафел започнал да ги затвора најисточните концентрациони логори и да ги евакуира останатите затвореници во западен правец. Многумина биле убиени во концентрационите логори ,,Аушвиц” и ,,Грос-Росен”. Шиндлер го убедил Гауптштурмфирерот на ШШ ( гер. Schutzstaffel- Безбедносен одред) Амон Гет, управник на концентрациониот логор ,, Краков- Плашов”, да му дозволи да ја префрли фабриката во Брунлиц во Судетската област, со тоа спасувајќи ги им животите на своите вработени. Секретарот на Гот, Мечислав Пемпер, собрал и испишал листа со имиња на 1.200 Евреи кои во октомври 1944 година биле префрлени во Брунлиц, а при тоа користел имиња обезбедени од страна на офицерот на Еврејската полиција, Марсел Голдберг. Шиндлер продолжил да ги подмитува СС-офицерите сè до крајот на Втората светска војна во мај 1945 година кога веќе го потрошил сето свое богатство на мита, подароци од црниот пазар и набавки на храна за работниците, со цел да го спречи нивното масивното убивање. По војната Шиндлер се преселил во Германија каде што се издржувал со спонзорирањето од страна на хуманитарните еврејските организации. Откако добил делумна исплата за неговите воени трошкови, се преселил со својата жена во Аргентина каде што се занимале со земјоделство. Кога Шиндлер во 1958 година банкнотирал, тој и неговата жена се вратиле во Германија каде што доживеал неуспех во неколку обиди за бизнис и се потпирал врз помошта од страна на неговите Шиндлерови Евреи (гер. Schindlerjuden), луѓе чии животи ги спасил за време на војната. Владата на Израел во 1963 го именувала за Праведниот помеѓу Нациите. Шиндлер починал на 9 октомври, 1974 година.

Ран живот и кариера

Шиндлер е роден на 28 април, 1908 година во фамилија од Судетската област, во град наречен Свитави, денешна Моравија, а поранешна Австроунгарија. Неговиот татко се викал Јохан ,,Ханс” Шиндлер кој поседувал бизнис со земјоделска машинерија, додека пак неговата мајка се викала Франциска ,,Фани” Шиндлер. Неговата сестра, Елфрид, се родила во 1915 година. Откако завршил основно образование, Шиндлер се запишал на техничко школо од кое што бил избркан поради фалсификување на своето свидетелство. Подоцна ќе матурира, но нема да ги полага испитите ,,Абитур’’ со чија помош би можело да се запише на факултет. Наместо факултет тој се запишал на курс во Брно за повеќе занаети, како шоферство и машинерство, и три години работел кај татко си. На 6 март 1928 година се оженил со Емили Пелзл (1907-2001), ќерка на успешен фармер од Судетската област. Брачниот пар се вселил кај родителите на Оскар и ги заземале собите на горниот спрат каде што живееле седум години. Шиндлер кратко по бракот прекинал да работи кај татко му и сменил неколку работи како позиција во моравското електротехничко школо и во управата на една авто-школа. Осумнаесет месеци бил дел од Чешката армија каде што се искачил до позиција на каплар во десеттиот пешадиски полк на 31та армија. По ова се вратил во електотехничката школа која наскоро банкнотирала. Во исто време се затворила и фармата на неговиот татко и со тоа Шиндлер останал една година невработен. Во 1931 година почнал да работи со Јарслав Симер Банк во Прага и таму останал до 1938 година. Шиндлер неколкупати бил уапсен поради пијанство во јавност. Во исто време имал афера со Аурели Шлегел, школска пријателка. Таа во 1933 година му родила ќерка, наречена Емили, а во 1935 година му родила син, наречен Оскар Помладиот. Подоцна Оскар тврдел дека тој не бил негов син. Таткото на Шиндлер, кој бил алкохоличар, ја напуштил својата жена во 1935 година. Таа починала неколку месеци подоцна по долго боледување. Шиндлер во 1935 година и се приклучил на сепаратистичката ,,Судетска Германска партија”. И покрај тоа што бил државјанин на Чехословачка, Шиндлер во 1936 година станал шпион за ,,Абвер”, службата за разузнавање на фашистичка Германија. Му била доделена работа во Abwehrstelle II Commando VIII, во Врецлав. Подоцна ќе и каже на чешката полиција дека го сторил тоа бидејќи му требале пари. Шиндлер станал алкохоличар и постојано имал долгови. Негови обврски кон ,,Абвер” биле собирање на информации за железничката линија, воените поставувања, движењето на трупите, како и регрутирање на други шпиони на територијата на Чехословачка, пред фашистичка Германија да започне со плановите за напад. На 18. Јули 1938 година бил уапсен од чешката полиција за шпионажа и бил веднаш притворен. Шиндлер бил пуштен како политички затвореник со условите на Договорот од Минхен, документ со кој до ден денеска Судетската област е отсечена од Чешка и присоединета кон Германија. Шиндлер поднел барање за членство во Фашистичката парија и бил прифатен следната година. Шиндлер бил унапреден во втор на чело на неговиот оддел во службата ,,Абвер” и во јануари 1939 година бил пратен заедно со неговата жена во Острава, во близина на чешко-полската граница. Работел како шпион кога Хитлер го освоил и другиот дел на Чехословачка. Емили му помагала со документацијата, ги обработувала и ги криела тајните документи. Тој и неговите 25 агенти успевале да соберат информации за воените активности на Полска и за железничката линија бидејќи постојано деловно патувале во Полска. Неговиот оддел еднаш имал задача да го надгледува и да дознае информации за железничката линија и за тунелот во Јаблунковскиот премин. Германската армија го освоила преминот на први септември 1939 година без никави проблеми. Шиндлер продолжил да работи за ,,Абвер” сè до 1940 година, кога бил пратен во Турција за да истражува за можно поткупување кај офицерите од Абвер кои работеле во тамошната германската амбасада.

Втора светска војна

Емалија Шиндлер за првпат пристигнал во Краков во октомври 1939 година во служба на ,,Абвер” и следниот месец купил стан. Емили се грижела за станот во Острава и го посетувала Шиндлер во Краков најмалку еднаш неделно. Во ноември 1939 година го повикал внатрешниот архитект Мила Феферберг за да му го уреди станот. Нејзиниот син ,Леополд Феферберг, наскоро станал еден од неговите врски за тргување во црниот пазар. Тие ќе останат доживотни пријатели. Тој ноември, Шиндлер го запознал Исак Штерн, сметководителот на еден од неговите пријатели од ,,Абвер”. По инвазијата на Полска, на полските Евреи им биле одземени нивните недвижнини, сопствености, работни канцеларии, домови, и нивните граѓански права. Шиндлер му го покажал на Штерн билансот на состојба на една компанија што тој размислувал да ја купи, фабрика за емајлирани садови наречена Рекорд ООД и поседувана од здружение на еврејски стопанственици кои пријавиле банкрот порано истата година. Штерн го посоветувал наместо да ја води компанијата како ополномоштен под заштита на Haupttreuhandstelle Ost, тој треба да го купи или изнајми бинзисот бидејќи тоа ќе му даде повеќе слобода од фашистичките диктатори и слободата да вработи повеќе Евреи. Со помош на финансирањето од неколку еврејски инвеститори, Шиндлер на 13 ноември 1939 година потпишал неформален договор за закуп на фабриката и го официјализирал договорот на 15 јануари 1940 година. Ја преименувал во Германска фабрика за емајлирање на садови или ГФЕ (гер. Deutsche Emaillewaren-Fabrik) и наскоро станала позната како Емалија. Најпрво вработил седум еврејски работници и 250 нееврејски полјаци. За време на најдобрите денови, фабриката имала вработено 1.750 работници, од кои илјадници биле Евреи. Шиндлеровата соработка со Абвер, неговите врски во Вермахтот и неговиот Инспекторат за вооружени сили, му овозможиле да склучи договори за производство на емајлирани садови за готвење за потребите на војската. Овие врски подоцна ќе му помогнат и да ги заштити своите вработени од депортација и смрт. Со текот на времето, Шиндлер бил приморан да му дава на фашистичките офицери сè поголеми мита и луксузни подароци кои само се купувале на црниот пазар, со цел да ги заштити работниците. Самиот Шиндлер живеел раскошен живот и имал вонбрачни афери со неговата секретарка, Викторија Клоновска, и со Ева Киш која била трговец стручен во емајлирање и работела во фабриката. Емили Шиндлер го посетувала редовно, за на крај во 1941 година да се пресели кај него во Краков. Шиндлер првично бил заинтересиран за потенцијалот на бизнисот за правење на пари и вработувал Евреи бидејќи биле поевтини од Полјаците( платите биле одредени според режимот на владејачките фашисти). Подоцна ќе ги брани Евреите без оглед на цената. Статусот на неговата фабрика како клучен фактор во напредокот на војната ќе му помогне да ги заштите своите работници. Секојпат кога на Шиндлеровите Евреи им се заканувала депортација, тој измислувал изговори за нивно ослободување. Тој тврдел дека и жените, и децата, дури и лицата со недостатоци се потребни механичари и металски работници. Во една прилика, тајната полиција ,,Гестапо” го посетила Шиндлер и побарала да и се предаде една фамилија која имала лажни документи. Три часа подоцна, Шиндлер рекол: ,, двајцата пијани луѓе на Гестапо нишајќи се ја напуштија мојата канцеларија, без нивните затвореници и без компримитирачките документи што ги бараа”. На 1 август 1940 година, управникот Ханс Франк издал налог кој гласел дека сите Евреи од Краков мораат да го напуштат градот во рок од две недели. Само на оние кои имаат работа која е директно поврзана со воениот напредок на Германија ќе им биде дозволено да останат. Од околу 80. 000 Евреи кои живееле во Краков, во 1941 година останале само 15.000. Овие Евреи биле присилени да ја напуштат нивната традиционална населба ,,Казимеж” и да се преселат во ограденото Краковско гето, сместено во индустриската област Подгуже. Работниците на Шиндлер секој ден оделе пешки од гетото до фабриката и обратно.

Плашов