Прилив и одлив (морски мени) или како дијалектни зборови плима и осека — растот и снижувањето на морското ниво предизвикано од заедничкото дејство на гравитациските сили на Месечината и Сонцето и вртењето ан Земјата.

Некои крајбрежја имаат две скоро подеднакви приливи и одливи секојдневно, наречени полудневни плими. Некои места пак имаат само по една плима и осека дневно, наречени дневни плими. Некои пак места имаат две временски нееднакви плими и осеки дневно, или пак една плима и осека дневно, овие се наречени мешани плими. Времето и висината на плимата на одредено место зависат од подреденоста на Сонцето и Месечината, од плимите во длабокиот океан, од амфихидромните системи на океаните, и од формата на крајбрежјето и самата батиметрија (вид. Временски период).Coastal orientation and geometry affects the phase, direction, and amplitude of amphidromic systems, coastal Kelvin waves as well as resonant seiches in bays. In estuaries seasonal river outflows influence tidal flow.

Плимите имаат променлив временски карактер од неколку часа па сè до неколку години и сето ова зависи од бројни влијанија. За да се направат прецизни записи, плимомери се поставуваат на одредени мерни станици за да се мери водостојот со текот на времето. Направите ги занемаруваат промените предизвикани од брановите со периоди пократки од неколку минути. Овие податоци се споредуваат со еден одреден појдовник (датум) на водостој кој се нарекува главно морско ниво. Do not confuse with the astronomical lunar day on the Moon. A lunar zenith is the Moon's highest point in the sky.

Знаејќи дека плимите се најголемиот извор на кратко времени промени на нивото на морето, моркото ниво е подложно и на промени предизвикани од сили како ветерот и промената бариометрискиот притисок, кој предизвикува временски непогоди претежно во плиткото крајбрежје и самиот брег.

Плимата како појава не е ограничена само на океаните, може да се забележи и во други системи каде гравитациското поле е променливо со текот на времето. На пример, копнениот дел од Земјата е под дејство на плимните сили но оваа промена е тешко забележлива како онаа кај водените површини.

Особености

мини|250п|Видови плима (ПиО = плима и осека)|алт=Три графици. На првиот е прикажана плимата и осеката која се случува двапати дневно. На втората се прикажани променливите мешани плими. На третиот се прикажани дневните периоди на дневната плима. Промените на плимата се спроведуваат низ следниве фази: Морското ниво се покачува неколку часа, покривајќи ја внатрешно-плимната зона, плима што поплавува. Нивото на водата го достигнува највисокото ниво, со што се постигнува плима. Моркото ниво се намалува неколку часа, отскривајќи ја внатрешно-плимната зона, осека. Нивото на водата престанува да опаѓа, со што се постигнува најголема осека.

Плимите предизвикуваат осцилирачки струи познати како плимни протоци. Во моментот кога престанува плимниот проток, состојбата која настанува се нарекува мирна вода или мирна плима. По овој момент плимата ја сменува насоката и се вели дека ја менува насоката. Мирна вода најчесто се случува кога имаме висока плима или најниска осека. Но таму постојат местоположби во кои мирната плима се разликува доста значајно од сотојбите на висока плима и ниска осека.

Плимите најчесто се полудневни (две плими и две осеки секој ден), или дневни (еден плимен циклус дневно). Двете високи плими дневно имаат различни висини (дневна нееднаквост), овие се наречени повисока плима и пониска плима во плимните табели. Слично, двете осеки секојдневно се наречени повисока осека и пониска осека. Дневната нееднаквост не е постојана и е мала во моментот кога Месечината е над екваторот.Tide tables usually list mean lower low water (mllw, the 19 year average of mean lower low waters), mean higher low water (mhlw), mean lower high water (mlhw), mean higher high water (mhhw), as well as perigean tides. These are mean values in the sense that they derive from mean data.

Плимни елементи

Плимните промени се вкупен резултат од повеќе влијанија кои влијаат во променливи периоди. Овие влијанија се наречени плимни елементи. Главни влијанија се Земјиното вртење, местоположбата на Месечината и Сонцето во однос ан Земјата, висината на Месечината нас Земјениот екватор и батиметријата.

Промените со периоди помали од еден ден се наречени хармонски елементи. Соодветно, периодите од денови, месеци, и години се наречени долго-периодични елементи.

Плимните сили се присутни по целата површина, но движењето на копното е минимално, само неколку сантиметри. Атмосферата се однесува како течност и е стислива, па затоа нејзината површина се придвижува и по неколку километри, во смисла дека притисокот на овие висини е низок а атмосферата е ретка.

Основни месечеви полудневни елементи

Во повеќето случаи, најголем придонесувач е „основниот месечев полудневен“ елемент, познат и како M2 (или M2) плимен елемент. Неговиот период е околу 12 часа и 25.2 минути, точно половина од плимниот месечев ден, кој пак е просечното време кое го раздвојува еден месечев зенит од следниот, и е времето потребно ан Земјата да изротира еднаш во однос на Месечината. овој елемент е следен од таканаречените плимни часовници. Месечевиот ден е подолг од Земјиниот ден бидејќи Месечината орбитира во истата насока ан Земјиното вртење. Ова може да се претстави преку аналогијата дека минутната стрелка на часовник ја минува часовната стрелка на часовник во 12:00 часот и повторно во 1:05½ (не во 1:00).

Месечината кружи околу Земјата во иста насока ан Земјиното вртење, па потребно е малку подолг временски период од еден ден, односно 24 часа и 50 минути за Месечинатада се врати на истата месстоположба на небесниот свод. Во овој временски период, Месечината поминува над сводот еднаш (кулуминира) и на спротивната страна еднаш (под часовен агол од 00:00 и 12:00 соодветно), па така на повеќето места периодот на најсилни плими е во временскиот период кој беше споменат, односно 12 часа и 25 минути. Моментот на највисока плима не е секогаш во моментот кога Месечината е во зенитот или надирот, но периодот на силата сепак го одредува временскиот интервал меѓу плимите.

Бидејќи гравитациското поле создадено од Месечината слабее со растојанието до Месечината, истото предизвикува посилно влијание на страната ан Земјата која е насочена кон Месечината и послабо влијание на спротивната страна. Со други зборови Месечината ја издолжува Земјата по оската на поврзување на двете тела. Копното се издолжува минимално, но океаните, бидејќи се течност, можат да се движат со поголеми флуктуации особено хоризонтално. Како што Земјата ротира, силината и насоката на плимната сила во секоја точка ан Земјината површина се менува со постојана големина, иако океаните постигнуваат рамнотежна состојба, не постои доволен временски период за течноста да ја надомести состојбата, ова би се постигнало само доколку плимната сила е постојана, па затоа променливата плимна сила предизвикува промени на површината на морињата со точно определени периоди.

Полудневни разлики во плимите и осеките

Кога имаме две плими секој ден со различни висини (и две осеки со различни висини), овие плимни појави се наречени мешани полудневни плими.

Промена на висината: највисока плима и најниска осека

Висината на полудневните плими (разликата во висината помеѓу ниско ниво на вода и високо ниво на вода за временски период од половина ден) се менува во циклус од две недели. Приближно двапати месечно, за време на млада месечина и полна месечина кога Сонцето, Месечината, и Земјата се во линија (состојба позната како праволиниска подреденост), под влијание на Сонцето плимните сили се засилени. Плимната сила го достигнува својот максимум и е наречена највисока плима.

Кога Месечината е во прва четвртина или трета четвртина, Сонцето и Месечинта се под агол од 90° гледани од Земјата, со што Сончевата гравитациска сила ја намалува силата на Месечинта. Во овие точки на месечевиот циклус, висината на осеката е на најниско ниво, оваа појава се нарекува најниска осека.

Највисоките плими имаат највисоко ниво на водостој, додека пак најниските осеки имаат најниско ниво на водостој, временскиот период на 'мирна вода' е помал од просечниот, а плимните струи се поизразени од нормалното. Најниските осеки имаат помирни плимни последици. Временскиот период помеѓу највисоката плима и најниската осека е седум дена.

Близина на Месечината

промената на растојанието на Месечината во однос ан Земјата влијае на висината на плимните појави. Кога Месечината е најблиску, во перигејот, висината се зголемува, а кога е во апогејот, висината се намалува. На секоја 7½ месечева мена (целиот циклус од полна Месечина до нова полна Месечина), перигејот се поклопува со младата или полна Месечина предизвикувајќи перигејови високи плими со најголеми плимни висини. дури и при своето најсилно влијание оваа сила е слаба, предизвикувајки плимни разлики од неколку десетици сантиметри.

Батиметрија

Формата на крајбрежјето и океанското дно имаат влијание на тоа како ќе се движи плимата и осеката, па така не постои едноставно, општо правило кое го предвидува времето на плимата од местоположбата на Месечината на небесниот свод. Релјефот на брегот како што е подводнта батиметрија и формата на крајбрежјето го отежнуваат предвидувањето на плимата и осеката, вистинските плими и нивните висини можное да се разликуваат од предвидувањата на моделот, пред сè поради влијанието на крајбрежната морфологија на протокот на плимата. Но, за одредена местоположба односот на месечевото растојание и времето на појава на плимата или осеката е претежно предвидлив и постојан, како и при плима и осека во релативен однос на одредени точки на исти места на самиот брег. На пример, плимата во Норфолк, Вирџинија, предвидливо се случува приближно два и половина часа пред Месечевата мена да биде во зенитот.

копното и океанското дно се на некој начин препреки кои го попречуваат слободното движење на водените површини низ целата Земјина топка, и нивните најразлични големини и форми влијаат на големината и честотата на плимите и осеките. Како резултат на ова, плимите имаат различни периоди. На пример, во САД, Источниот брег има претежно полудневни плими, како и Атлантскиот брег на Европа, додека пак Западниот брег има најчесто мешани плими.U.S. National Oceanic and Atmospheric Administration (NOAA) National Ocean Service (Education section), map showing world distribution of tide patterns , semi-diurnal, diurnal and mixed semi-diurnal.ref

Други елементи

Овде се вброени сончевото гравитациско влијание, накосеноста ан Земјината оска, накосеноста на орбиталната рамнина на Месечината и елиптичната Земјина орбита околку Сонцето.

Силна плима или осека се пројавува кога двата “родителски” бранови заемно-дејствуваат еден на друг во плитката вода.Le Provost, Christian (1991). Generation of Overtides and compound tides (review). In Parker, Bruce B. (ed.) Tidal Hydrodynamics. John Wiley and Sons, ISBN 978-0-471-51498-5

Фаза и амплитуда

Бидејќи плимниот елемент M2 надвладува над повеќето места, оваа фаза на плимата, е добар показател и е означена со време во часови по повишувањето на нивото на водата. Плимната фаза исто така се мери во степени, со 360° од еден плимен циклус. Линиите со постојани плимни фази се наречени линии на плими кои се случуваат истовремено, кои се во согласност со линиите со постојана висина на топографските карти. Покачувањето на нивото на водата се постигнува истовремено од брегот кон отворениот океан, и плимите кои се случуваат истовремено напредуваат кон брегот. Елементите на полудневните и долгите фази се мерат за време на повишувањето на нивото на морето, дневните пак за време на максималните поплавни плими. Во следниот дел на текстот тврдењата се вистинити само за единствен плимен елемент.