Иван Петров, познат како Крајничанец — македонски преродбеник и фолклорист, како и еден од првите македонски фармацевти.
Биографиja Роден е во 1869 г. во велешкото село Крајници. Од 1876 г. учи во село Војница, а подоцна (1882 - 1889 г.) завршува Солунската машка гимназиja „Св. Кирил и Методиј“. Меѓу неговите учители биле Григор Прличев, Трајко Китанчев, Димитар Матов и други за кои раскажува во своите спомени.Иван Петров Крайничанец. "Спомени от изминалия път в живота ми", Скопие, 1942 година Во 1896 г. го објавува трудот „Свадбарски обичаи од велешко“. Во 1897 г. го завршува Фармацевтскиот факултет на Лозанскиот универзитет, Швајрација. По покана на бугарскиот бакалски еснаф во Солун во градот ја отвора аптеката „Зора“, која станува собиралиште за македонските преродбеници. Аптеката често е затворана од турските власти. Во 1906 г. е принуден да го напушти Солун и отвора аптека „Зора“ во Прилеп, која работи сè до неговата смрт во 1945 г.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 753.
Во 1942 г. за време на бугарската окупација во Скопје ги издал своите мемоари „Спомени од изминатиот пат во мојот живот“ (Спомени от изминалия път в живота ми).
Наводи
Категорија:Македонски фармацевти Категорија:Македонски фолклористи Категорија:Луѓе од Крајници (село) Категорија:Починати во Прилеп Категорија:Четврта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Родени во 1869 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Македонски стопанственици