Дарко Димитриевски (роден на ) — македонски ракометар кој игра за екипата на Хапоел Ашдод, Израел. Димитриевски е млад македонски ракометар кој потекнува од Велес. Своите ракометни почетоци ги имал на 8 годишна возраст во својот роден град. Досега Димитриевски има играно за неколку македонски клуба, Борец, МРК Вардар, Вардар Про и за Куманово. Во интернационалните води запливува на 18 годишна возраст со потпишување на договор со катарскиот клуб Катар Спорт. Успешната интернационална кариера продолжува да ја гради во Пуерто Сагунто, па Адемар Леон во Шпанија. Во 2015 година потпишува за унгарски Чургу, но година подоцна решава да се врати во родната земја и потпишува за РК Металург, па ГРК Борец, за повторно да се врати во РК Металург во сезона 2017/ 2018.

На почетокот на 2018 година заминува од РК Металург и става потпис на договорот со Хапоел Ашдод, еден од водечките клубови во израелското првенство. Моментално е дел и од македонската ракометна репрезентација.

Професионална кариера

Во својата кариера, Дарко Димитриевски има настапувано за повеќе клубови и тоа: РК Борец (2006 - 2008) МРК Вардар Скопје (2008 - 2010) РК Вардар (2010 - 2011) Куманово (2011 - 2012) Катар Спорт (2012 - 2013) Пуерто Сагунто (2013 - 2014) Адемар Леон (2014 - 2015) Чургу (2015 - 2016) РК Металург (2016) ГРК Борец (2016 - 2017) РК Металург (2017) HC Hapoel Ashdod (2017-

Надворешни врски Дарко Димитриевски - ЕХФ профил Старт на израелска авантура Ракометна федерација на Македонија

Категорија:Живи луѓе Категорија:Ракометари од Велес