Јорди Класи (роден на 27 јуни 1991 година во Харлем) — холандски фудбалер, играч од средниот ред на Аз Алкмар и на холандската репрезентација.

Технички карактеристики Дефанзивен играч за врска со одлична техника. Неговите квалитети се дриблингот и прецизните додавања, поради што е наречен "Холандскиот Чави".

Кариера Рани години Класи почнал да игра фудбал во неговиот роден град Харлем. Својот прв фудбалски повик го добил од поранешниот репрезентативец на Холандија Вилем ван Ханегем, пријател на неговиот татко Џејмс. Класи бил забележан неколкупати од страна на Ханегем како играл фудбал на плоштадите во Харлем, што било доволно за солиден тренер како него да го воочи потенцијалот кој го има Класи. По препорака на ван Ханегем, Класи почнал професионално да игра фудбал во младинските категории на ХВВ ДСК од Харлем. Подоцна го напуштил клубот и заминал во ХФЦ ЕДО, клуб кој исто така доаѓа од Харлем, но има нешто побогата историја. За време на еден турнир во 2000 година, на кои Класи се натпреварувал со екипата на Едо неговиот талент и потенцијал бил откриен од страна на екипата на Фејенорд.Zo werd Jordy Clasie prof, Voetbal.nl Набргу потоа Класи заминал на проби во Фејенорд, а кога тие биле пред самиот крај, во Битката за 11-годишниот играч од средниот ред интерес покажал и Ајакс. На прашањето за Ајакс, Класи го изјавил следното :

Фејенорд Младинска кариера 150px|thumb|Јорди Класи во дресот на Фејенорд во 2012. Класи го избрал Фејенорд и пристигнал таму во приклучувајќи му се на еден од младинските тимови. Тој одел секој ден на тренинг поминувајќи голем пат во правец север-југ и обратно од Харлем до Јужен Ротердам, носен од страна на неговиот татко, кој ставил се настрана, за целта на неговиот син да биде професионален фудбалер, да се постигне. Јорди исто како и неговиот татко е многу приврзан за семејството. Неговиот брат, а особено неговиот татко значел се за него, и тој дури сето тоа го ставил на своето тело преку тетоважата на десната рака на која пишува "You mean everything my daddy"Vader Clasie betekent alles voor Jordy , 11apen.nl Во младинските денови Класи имал и тешки моменти, но тој секогаш замислувал дека ако истрае во ова за на крајот тој да заигра на Де Коип.Clasie: 'Mijn vader, broer en ik zijn trots' , Feyenoordnet.nl Најтешките моменти Класи ги доживеал кога се нашол под остра критика на тогашниот тренер на младинците на Фејенорд Хенк ван Сте, кој бил многу критичен кон него. Тој го повикал, и меѓу другите совети кој му ги дал го советувал дури и да замине во друг клуб. На крајот од таа сезона, ван Сте се преселил во Шахтар Донецк за да раководи со младите таму. Неговата замена, Стенли Брард, за разлика од неговиот претходник имал доверба во Класи.Volledig interview Clasie, NOS.nl

На крајот Класи имал блескави моменти додека настапувал за Б-јуниорите, каде што дошол во тим, со исто така многу талентирани играчи меѓу кој биле Лирој Фер, Лук Кастаињос, Стефан де Врај, Ервин Мулдер и Рики ван Харен. Ван Харен му бил добар другар на Класи, а тој играл многу важна улога во младинските категории на Фејенорд. Во сезоната 2008-2009 сезона Фејенорд бил шампион на Холандија и во Б1 и во А1 конкуренцијата. Класи играл за двете екипи и дури бил и капитен. Тоа се случило поради тоа што многу момци од младинскате екипа ги направиле првите чекори во првиот тим на Фејенорд со оглед на финансиската состојба на клубот. Затоа тој бил примен да учествува и во двете првенства.B1 Landskampioen 2008/2009, Youtube.comA1 Landskampioen 2008/2009, Youtube.com

Заемот во Екселсиор Пред почетокот на сезоната 2010-2011, Класи бил позајмен на грдскиот соперник Екселсиор. Тој го направил своето професионално деби на 15 август 2010 година, за време на натпреварот против неговиот матичен тим Фејенорд. Класи одиграл 75 минути како стартер, а натпревар го добил Екселсиор со 3-2. Една недела подоцна го постигнал својот прв гол во професионален фудбалски натпревар против НЕК од Најмеген. Сезоната ја завршил со 32 настапи во кој постигнал два гола. По завршувањето на сезоната се вратил во Фејенорд.

Пробивот по првиот тим на Фејенорд По враќањето во Фејенорд тој тренирал со првиот тим, а за првата сезона го добил дресот со број 16. Исто така бил повикан за подготвителните натпревари на клубот. На 31 јули 2011 година, тој го започнал пријателскиот натпревар на Фејенорд против Малага, што завршил со резултат 2-0 за шпанскиот тим. Интересно е тоа што дебито за Фејенорд, Класи го направил против својот поранешен клуб Екселсиор, во победата со 2-0 на 5 август 2011. Својот прв гол за Фејенорд го постигнал против Гронинген на 4 март 2012, а истиот се покажал и одлучувачки за победата со 1-0. Класи одиграл добра прва сезона за Фејенорд во која пропуштил само еден првенствен натпревар. Како награда за неговата добра игра ја освоил сребрената копачка. Наградата му ја врачил неговиот пријател и поранешниот репрезентативец Вилем ван Ханегем.Clasie winnaar van de Zilveren Schoen , Eredivisielive.nl

Клучен играч и капитен на тимот Во следната сезона 2012-2013 Класи претставува движечка сила на Фејенорд. Тоа се одразува во промената на неговиот број на дресот, од 16. на бројот 6, а исто така тој бил и заменик капитен на Стефан Де Врај во клубот. Но, поради повреда де Врај пропуштил еден дел од сезоната, во кој Класи ја носел капитенската лента. Добрите игри кој ги прикажал играчот од средниот ред будат заинтересираност за него од странски клубови како што се италијанските: Милан, Рома и Јувентус. Претходно, веќе имало интерес и од Тотенхем Хотспар.Interesse uit Serie A voor Clasie, Goal.com Агентот на Класи, Весел Везенбер, рекол за неговиот клиент дека "нема причина за заминување". Како и да е, тој никогаш не разговарал за трансфер со Класи.Zaakwaarnemer Clasie: 'Geen reden voor een vertrek' , FR12.nl

На 13 мај 2013 година, Класи го продолжил неговиот договор до 2016 година. Со тоа станал еден од играчите кој ќе заработуваат најмногу од Фејенорд.Clasie verlengt contract bij Feyenoord, NU.nl

Во 2012-2013 сезона одиграл на крајот 37 натпревари за Фејенорд, од кој 33 лигашки натпревари. Класи постигнал два гола во сезоната; еднаш против Рода и еднаш против АЗ Алкмар. Тој, исто така во текот на оваа сезона дебитирал во холандскиот тим и бил во составот на репрезентацијата под 21 година на европското првенство за играчи под 21 година играно во Израел.

Следната сезона тој станал капитен на Фејенорд на трајна основа и со 1 гол и 8 асистенции го предводел својот тим до второто место во Ередивиси.

Репрезентативна кариера Во ноември 2010 година, два месеци по неговото деби за Екселсиор, тој добил повик во репрезентацијата под 21 година. Својот прв и единствен погодок во оваа селекција го постигнал против Луксембург во победа со 5-0 на гости.

По завршувањето на својата втора сезона со Фејенорд, Класи бил повикан за настап на европското првенство за играчи под 21 година-2013 во Израел. Тој одиграл два натпревари во групната фаза; против Русија влегувајќи од клупата на местото на Кевин Стротман (5-1 победа), а против Шпанија го одиграл целиот натпревар (пораз 3-0). Холандија се пласирала во полуфиналето каде биле елиминирани од Италија со 1-0, но Класи останал неискористена замена во тој натпревар.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 7 септември 2012, кога бил заменет во 50-тата минута од Лирој Фер во квалификацискиот натпревар за светското првенство во Бразил против Турција што завршил со победа на Холандија 2-0. Во мај 2014, се нашол на списокот од 23 играчи на селекторот Луј ван Гал за Светското првентво 2014 во Бразил.

Хронологија на настапи и голови за репрезентација

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 26 мај 2014.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2010-2011 Екселсиор Е 32 2 КНВБ 2 0 - 0 0 - 0 0 34 2 2011-2012 Фејенорд Е 33 3 КНВБ 3 0 - 0 0 - 0 0 36 3 2012-2013 Е 33 2 КНВБ 2 0 ЛШ+ЛЕ 2+2 0+0 - 0 0 39 2 2013-2014 Е 32 1 КНВБ 3 0 ЛЕ 2 0 - 0 0 37 1Вкупно Фејенорд 98 6 8 0 6 0 0 0 112 6Вкупно во кариерата 130 8 10 0 6 0 0 0 148 8

Титули Клуб Бриж Белгиско првенство : 1 2017-2018.

Фејенорд Суперкуп на Холандија : 1 2018.

Наводи

Надворешни врски Јорди Класи на soccerway Јорди Класи на transfermakt Јорди Класи на whoscored Јорди Класи на espn Јорди Класи на Goal.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фејенорд Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Клуб Бриж Категорија:Фудбалери на ФК Аз Алкмар Категорија:Родени во 1991 година