Циркус Колумбија е филм на режисерот Данис Тановиќ. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Предраг Манојловиќ, Мира Фурлан, Борис Лер, Јелена Ступљанин и Милан Штрљиќ. Филмот е снимен според истоимениот роман на Ивица Џикиќ, која во 2003 година ја добил наградата „Меша Селимовиќ“.„Емотивна човечка приказна - Во сенката на престојната војна“, Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 3.

Содржина По 20 години поминати на работа во Германија, непосредно пред почетокот на војната во Босна, Дивко Бунтиќ се враќа во родниот крај со свршеницата Азра и мачорот Бони. За него, мачорот има посебно значење, зашто мисли дека му носи среќа. Дивко пристигнува во селото и од својата куќа ги брка поранешната сопруга Луција и синот Мартин, кои не ги видел 20 години. Луција и Мартин се селат во општествен стан и таа му забранува на синот да контактира со татко му. Сепак, Мартин продолжува да се среќава со Дивко. Една ноќ, мачорот Бони исчезнува и Дивко распишува награда од 2 000 германски марки за оној кој ќе го пронајде. Целото село се вклучува во потрага по мачорот при што Азра и Мартин повторно се зближуваат...

Наводи

Категорија:Филмови со Милан Штрљиќ Категорија:Филмови на Данис Тановиќ Категорија:Филмови со Мира Фурлан Категорија:Филмови со Предраг Манојловиќ Категорија:Филмови од 2010 година