Ел Арби Хилел Судани (роден на 25 ноември 1987 во Шлеф) — алжирски фудбалер кој игра на позицијата напаѓач за хрватскиот Динамо Загреб и репрезентацијата на Алжир.
Кариера Судани ја започнал својата кариера во младинскиот тим на екипата АСО Шлеф, за која го направил своето сениорско деби во 2006 година. Во својата последна година во клубот го освоил Алжирското првенство, пред да се пресели во португалската екипа, Виторија Гимараеш. Играјќи за Гимараеш тој му помогнал на својот клуб да дојде до првата титула во историјата на клубот во Купот на Португалија, постигнувајќи го израмнувачкиот гол во финалето против Бенфика играно на 26 мај 2013. Две минути подоцна Рикардо го постигнал победничкиот гол за Виторија.
На 27 мај 2013, Судани потпишал за Динамо Загреб за нешто помалку од 1.000.000 €.
Титули Клупски АСО Шлеф Алжирско првенство (1) : 2010-11.
Виторија Гимараеш Португалски куп (1) : 2013.
Динамо Загреб Прва ХНЛ (1) : 2013-14. Суперкуп (1) : 2013.
Надворешни врски Ел Арби Хилел Судани на soccerway Ел Арби Хилел Судани на transfermakt Ел Арби Хилел Судани на espn
Категорија:Живи луѓе Категорија:Алжирски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Родени во 1987 година