Исник Алими (роден на 2 февруари 1994, во Делогожди) — македонски фудбалер од албанска народност, играч од средниот ред на Даљен Јингбо и на македонската репрезентација.
Технички карактеристики Кариерата ја започнал како центарфор, пред да биде преместен во средниот ред како мецала. Во периодот додека играл за Виченца бил користен и како плејмејкер.
Клупска кариера Алими ја започнал својата кариера на седумгодишна возраст во Влазними од Струга, пред да премине во ФК Охрид во 2010 година, со кој го направил своето професионално деби во Првата македонска фудбалска лига во сезоната 2011-2012. Откако одиграл 14 натпревари и постигнал 2 гола во споменатата сезона, тој му се приклучил на хрватскиот третолигаш Новиград.
На 14 март 2013 година, тој бил потпишан од италијанскиот клуб , со кој го освоил првенството Примавера. Не можејќи да добие шанса во првиот тим на 6 август 2014 година, тој бил позајмен на Лумецане, во Лега Про. На 1 јули 2015 година, тој потпишал за , но ниту таму не успеал да се избори за простор за игра. Наместо тоа, тој редовно бил испраќан на позајмици во третата италијанска лига носејќи ги дресовите на Макератезе, Форли, Виченца, Римини и Имолезе.
На 18 септември 2020, Алими бил позајмен на Шибеник во Прва ХНЛ, каде одиграл 24 натпревари. На 30 јули 2021 година, како слободен играч тој потпишал договор за една сезона со Габала, азербејџански клуб. Отакако одиграл одлична сезона во која на 32 натпревари комбинирано во првенството и купот постигнал 10 гола, договорот му бил продолжен за уште една сезона. На 21 јули 2022 година, дебитирал во европските натпреварувања во натпревар против унгарскиот Фехервар, во прелиминарната рунда за пласман во групната фаза на Лигата на коференции. Во сезоната 2022-2023, Алими дури ги подобрил својте постигнувања од претходната сезона забележувајќи вкупно 41 настап и 12 гола; исто така, со клубот го освоил Купот на Азербејџан со победата од 1-0 над Нефчи Баку, постигнувајќи го единствениот гол во финалето со удар од белата точка во 102-рата минута од продолженијата.
Во 2023 година, Алими потпишал за романскиот клуб Сепси. За клубот одиграл 55 натпревари и постигнал 13 гола.
На 21 јануари 2025 година, Алими потпишал за кинескиот клуб Даљен Јингбо.
Репрезентативна кариера На младинско репрезентативно ниво Алими играл за македонската репрезентација под 19 години и за албанската репрезентација под 21 година.
Во септември 2023 година, тој бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација на Македонија, од селекторот Благоја Милевски. Дебитирал на 9-ти истиот месец во ремито 1-1 против .
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Клупски Кјево Кампионато Примавера : 1 2013–2014
Габала Куп на Азербејџан : 1 2022–2023
Сепси Суперкуп на Романија : 1 2023
Наводи
Надворешни врски
Исник Алими на soccerway Исник Алими на transfermarkt
Категорија:Фудбалери на ФК Охрид Категорија:Фудбалери на ФК Кјево Верона Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Виченца Категорија:Фудбалери на ФК Шибеник Категорија:Фудбалери на ФК Габала Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Албански фудбалери Категорија:Фудбалери од Струга Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година