Граматиково () — село во Југоисточна Бугарија, дел од општината Мало Трново во Бургаската област. Има население од околу 187 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија Селото Граматиково е сместено во планината Странџа, во границите на истоимениот природен парк. Селото се наоѓа на 24 км од општинскиот центар Мало Трново, на 33 км од Царево и на 72 км од регионалниот центар Бургас.
Историја Според легендата, селото било основано во 1347 година од протерани калуѓери и граматици од манастирот „Св. Богородица“ во Котвината. За првпат во пишаните османлиски документи селото се споменува во средината на 17 век. Во 19 век Граматиково било важен просветен центар со отворено ќелијно училиште и богата црковна дејност. Локалното населние учествувале во Илинденското востание. После востанието Граматиково било пљачкано. За време на Првата балканска војна, 7 жители од селото се приклучиле во Македоно-одринските доброволни чети.Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 840. После војната, селото влегло во рамките на Царството Бугарија. Денес селото е познато по зачувувањето на древниот обичај нестинарство.
Наводи
Категорија:Села во Бугарија Категорија:Населени места во областа Бургас