мини|десно|300п|Вардар низ Демиркаписката Клисура
мини|Поглед на клисурата од воздух, 1929 година Демиркаписката Клисура — една од позабележителните клисури во Македонија на реката Вардар, наречена по градот Демир Капијад-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија. Скопје, 2008, стр. 10.. Долга е 31,5 км сметано од утоката на Бошава до селото Удово. Со оваа должина е најмала во споредба со другите клисури на Вардар. Демиркаписката Клисура е планинска. Од источната страна е заградена со ограноците на Серта и Градешка Планина, а на западната со Краставец и Кожуф. Страните на некои места во клисурата се високи и до 900 м, а на Карадак и Трнка Рид и до 1000 метри. Демиркаписката Клисура е изградена во мезозојски варовници со старост од периодите јура и креда. Варовниците имаат сива до отворено сина боја и на влезот во клисурата скоро вертикално се издигаат над Вардар со пад од 85 степени. Во Демиркаписката Клисура се чувствува влијанието на средоземната клима.
Како последица на оваа клима се развила специфична вегетација карактеристична за овој климатски тип. Тука се среќаваат и разновидни диви животни како што се срната, зајакот, лисицата, куната, јазовецот, волкот, еребицата и др. Освен нив во овој дел на Вардар живее и сомот кој е најголема риба која достигнува тежина и над 1.000 кг. Во клисурата постојат површински и подземни карстни облици. Има вкупно 13 пештери од кои најпознати се Бела Вода и Змејовец.
Поврзано Демиркаписки Остров Демир Капија Бошава Клисура (село) Список на заштитени природни подрачја во Македонија Наводи
Категорија:Клисури во Македонија Категорија:Вардарски слив Категорија:Споменици на природата на Македонија Клисура