Кавала () — еден од двата најисточни окрузи во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува дел од областа Источна Македонија и Тракија. Административен центар е градот Кавала.
Географија На запад се наоѓа планината Кушница (Пангео, 1.957 м). Околни окрузи се Сер на запад, Драма на север и Скеча на исток. Долж источната граница тече реката Места, одделувајќи ја Македонија од Тракија. Обработливото земјиште е распределено по северното и источното крајбрежје.
Климата на округот е претежно средоземна.
Административна поделба
Округот Кавала се дели на 3 општини:
Кавала (1) Места (Нестос) (2) Кушница (Пангео) (3)
Островот Тасос е општина сместена во свој округ, одземен од округот Кавала согласно законските измени „Каликратис“ во 2011 г., со кој се преуредени и општините, спојуваќи поголем број општини во горенаведените три.
Демографија Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 3 населени места и сочинуваат околу 3% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 3.000 Македонци.
Поврзано Список на населени места во округот Кавала
Наводи
Надворешни врски
Портал на округот Кавала
Категорија:Окрузи во Егејска Македонија Категорија:Окрузи во Грција