Ливадица () — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 53 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото е сместено во северозападниот крај на Пазарското Поле (дел од поголемото Солунско Поле), 12 км источно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја Во Отоманското Царство Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) ја забележал Ливадица како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
На некои карти слеото се води и под турското име Сујабакаџи (Суја Бакиџа/Бакаџи).
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ливадица (Суја Бакиџа) имало 250 жители, кои погрешно ги води како Власи (всушност Македонци).
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ливадица (Livaditza) имало 120 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Ливадица било македонско со 25 куќи.
Во овој период бугарската пропаганда ги правела првите обиди за пробив во селото. Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
По податоци на егзархијата во 1910 г. Ливадица било чифлигарско село со 191 жител Македонци во 44 семејства и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дела во селото (Λειβαδίτσα) имало 165 егзархисти.
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 30 македонски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 188 жители (92 мажи и 96 жени), кои во 1920 г. се свеле на само 82 лица. Во 1924 г. целото население (108 Македонци) е приудно иселено во Бугарија, а на негово место се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. Ливадица е претставена како чисто дојденско село со 62 грчки жители (20 семејства), иако според Тодор Симовски, населението во целина броело 94 жители.
Во 1940 г. нивниот број се накачил на 142 лица, а по војните, во 1951 г. — на 166 лица. Оттогаш бројот на жители постојано опаѓа.
Население
Стопанство Селото произведува жито, овошје, тикви, а се прават и сточарски преработки.
Поврзано Бојмија Солунско Поле
Наводи
Категорија:Постол