Ребел (Мириц) (; понекогаш и само Ребел) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на западниот брег на езерото Мириц, 25 километри северно од Витшток и 27 километри југозападно од Варен. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Ребел-Мириц.
Знаменитости
Во музејот Енгелшер Хоф (Engelscher Hof) и поранешната синагога во фахверк е поставена постојана изложба за еврејската историја на Мекленбург, сеќавајќи се на — помеѓу другото — на животот и делото на Израел Јакобсон.
Галерија
Наводи
Категорија:Мекленбуршка Езерска Област (округ) Категорија:Градови во Мекленбург Категорија:Населени места основани во 13 век