Сминица (Смилица, Смила, Змијница) или Серски Боздаг, Мал Боздаг (, Меникио) — планина во североисточниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. По нае минува границата меѓу општините Сер и Просечен. Највисок врв е Караѓоз Ѓол (Μαυρομμάτα, Мавромата) со височина од 1.963 метри, наречен по истоимената месност во околината. За време на бугарската окупација во Серско во текот на 1940-тите години, врвот е преименуван во Варовитец.
Физички одлики Речиси целата планина се состои од мермерни карпи. Во ниските делови има песокливи терциерни наслаги и наносни конуси. Сминица е обесшумена, гола и претставува една од најпустите планини на Балканскиот Полуостров.Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.14.
Населени места Најблиски населени места околу планината се градовите Сер и селото Зелјахово на југ и селата Алистратик и Карлуково на запад и север. Подрачјето е меѓу најненаселените на Балканот.
Поврзано Славјанка Црна Гора Шарлија Боздаг (Драмски Боздаг) Штудер
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Рилско-родопски Масив Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Грција Категорија:Зелјахово Категорија:Сер (општина) Категорија:Просечен