Клаудио Андрес Браво Муњос (роден на 13 април 1983 во Буин) — чилеански фудбалер, голман на Манчестер Сити и на чилеанската репрезентацијата.

Клупска кариера Коло Коло Браво е роден во Буин. Неговиот татко го препознал талентот на својот син и го однел во младинската школа на Коло Коло каде што тој се развивал и станал професионалец. Браво го направил своето сениорско деби во 2002 година кога го добил и прекарот Кондор Чико, од поранешниот голман на клубот Роберто Рохас.

По повредата на првиот голман Едуардо Лобос, тренерот Хаиме Писаро му ја дал првата шанса на Браво да застане на голот, но таа шанса ќе биде краткотрајна, откако и тој се повредил, што предизвика клубот да го доведе ветеранот Жони Вокер.

Браво закрепнал од повреда во средината на 2003 година и бидејќи Лобос сè уште бил надвор од акција, тој ја презел позицијата на почетен голман која никогаш повторно нема да ја загуби, а неговите конкуренти на крајот биле продадени. Во 2006 година ја освоил својата прва титула, правејќи една акробатска одбрана во пенал-рулетот од финалето на Апертура во победата против главниот соперник Универсидад де Чиле.

Реал Сосиедад За сезоната 2006-07 Браво потпишал пет-годишен договор со Реал Сосиедад во Шпанија, за пријавени 1.200.000 € договор. Тој и Асиер Риезго го формирале најмладиот пар голмани, за таа година во Ла Лига. Тој ја започнал сезоната на клупата, но на крајот ја добил Битката за прв избор (одиграл 29 натпревари од 38), но баскискиот клуб испаднал од лигата. Своето првенствено деби го имал на 22 октомври 2006 година, во ремито без голови 0-0 против Мајорка.

Следната сезона (2007-08), Риезго ја вратил својата почетна позиција. Меѓутоа во сезоната 2008-09, откако Риезго отишол на заем во Рекреативо Уелва, Браво повторно бил стартер, но Реал останале во Втората дивизија. На 14 февруари 2010 година Браво го постигнал првиот гол во неговата кариера, со мајсторски изведен слободен удар против Химнастик, носејќи му победа на својот тим на домашен терен со 1-0. Сепак, набргу потоа, тој се здобил со тешка повреда на коленото во текот на поразот на Реал Сосиедад од Кордоба со 0-2, кој го направила него недостапен за остатокот од сезоната. Сепак вклучен во 25 натпревари и со еден постигнат гол, Браво имал голем придонес за клубот, помагајќи им да завршат како шампиони и да се вратат Ла Лига, по три години отсуство.

Во следната сезона 2010-11, Браво бил на голот на Сосиедад во сите 38 првенствени натпревари и со огромен придонес за опстанокот на клубот, а во сезоната 2011-12 пропуштил само еден првенствен натпревар (одиграл 37).

Сезоната 2012-13 беше најдобрата за Браво и за Реал Сосиедад. Баскискиот клуб се пласираше во европските турнири за првпат по сезоната 2003-04, освојувајќи го четвртото место во лигата кое ги носи во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите. Браво бранеше во 31 првенствен натпревар (во останатите 7 на голот беше Зубикараи) и ја одржа својата мрежа празна во 9 натпревари.

Следната сезона 2013-14, Браво беше на голот во двата плеј-оф двобои со Лион во кој Реал Сосиедад беше подобар со вкупен резултат 4-0 и обезбеди место во групната фаза. Своето деби во шампионската лига го имал против екипата на Шахтар Донецк во првото коло одиграно на 17 септември 2013, но неговиот тим загубил со 2-0 на домашен терен. Во 5 натпревари колку што бил на голот во Лигата на шампионите Браво примил 9 гола, а само еднаш ја сочувал својата мрежа сува во натпреварот со Манчестер Јунајтед на домашен терен што завршил 0-0. Браво забележал 37 настапи во Примера истата сезона, помагајќи му на својот тим да избори место во Лига Европа. Барселона

Манчестер Сити

Репрезентативна кариера

Браво ја претставувал Репрезентацијата на Чиле во селекциите под 17 години, под 20 години и под 23. Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 11 јули 2004 година против Парагвај, на Копа Америка 2004, и го задржа своето место и во квалификациите за Светското првенство 2006 на кое чилеанците не се пласираа.

Браво повторно бил повикан во репрезентацијата за Копа Америка 2007 што се одржа во Венецуела, каде што тој започнал во четири натпревари. Тој станал капитен на националниот состав, откако Марсело Салас објавил дека се повлекува од репрезентацијата.

На СП 2010 во Јужна Африка, Браво ги започнал сите четири натпревари за Чиле (се разбира како капитен), примајќи пет гола на турнирот, а Чиле биле елиминирани во осминафиналето со 3-0 од Бразил.

Титули Клупски Коло Коло Примера Дивизион де Чиле (1) : Апертура 2006

Реал Сосиедад Сегунда Дивизион (1) : 2009–10.

Статистика Клубови КлубСезонаПрвенствоНационален купКонтинентален купВкупноНастГол НастГолНастГолНастГол Коло Коло2003250——102602004400——504502005390——204102006190——20210Вкупно1130——1001230 Реал Сосиедад2006–0729010——3002007–080000——002008–0932000——3202009–1025100——2512010–1138000——3802011–1237000——3702012–1331000——3102013–143700070440Вкупно229110702371 Вкупно во кариерата3521101703701

Репрезентација ЧилеГодинаНастГолови2004102005302006502007120200810020099020108020111402012402013120201410Вкупно790

Надворешни врски Клаудио Браво на soccerway Клаудио Браво на transfermakt Клаудио Браво на whoscored Клаудио Браво на espn Клаудио Браво на Goal.com

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Чилеански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Реал Сосиедад Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1983 година