Хоан Естебан Чавес Рубио (; р. во ) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Чавес настапувал како професионалец од почетокот на сезоната 2012, потпишувајќи за екипата , откако три сезони поминал како аматер со екипата .
Кариера Рана кариера
мини|лево|Чавес вози за екипата Колумбија во 2012 година
Како аматер, Чавес победил на француската трка Тур де л’Авенир во 2011. Чавес бил дел од бегството на првата друмска трка на етапата, преземајќи ја маичката за планинскиот пласман по етапата. Го препуштил водството на Гарикоиц Браво следниот ден, но повторно го преземал на третата етапа. Браво повторно го преземал водството по четвртата етапа до крајот на трката, но Чавес имал за цел за победа на целата трка со неколку последователни завршници во првите десет, и доцнел зад предводникот на трката Давид Боали седум секунди пред последната етапа. Чавес бил дел од четиричленото бегство кое се одвоило по претпоследното искачување и иако бил поразен на целта од Варан Баргиј и Матија Катанео, третото место на Чавес и разликата од 24 секунди на групата, му овозможила да победи на трката за 17 секунди.
Колумбија Колдепортес (2012-2013)
upright|мини|десно|Чавес ја носи водечката црвена маичка на Вуелта а Еспања 2015
Чавес станал професионалец со новосоздадената екипа во сезоната 2012, откако неговата поранешна екипа се вратила на домашните трки во Колумбија. Настапувал на неколку од претсезонските италијански трки, вклучувајќи го Тирено-Адријатико, но се повлекол од трката на претпоследниот ден. Откако завршил 18. на неговата домашна трка, Вуелта а Колумбија, Чавес се вратил во Европа за Пруеба Вилјафранка де Ордизија. Чавес направил напад на 10 километри пред целта, но возачот на Горка Изагире го поразил Чавес на целта. Чавес продолжил на Вуелта а Бургос, каде ја освоил последната етапа на трката. Колегите од Ригоберто Уран и Серхио Енао се одвоиле од групата на последното искачување и единствено Чавес можел да ги следи; на крајот Чавес ги победил неговите поранешни колеги доаѓајќи до својата прва професионална победа на целта и завршувајќи на трката на третото место. Следниот викенд, Чавес ја однел победата на ГП Чита ди Камаиоре.
Чавес се здобил со сериозни повреди при пад на Трофео Лаигвелја во февруари 2013.
Орика-ГринЕЏ (2014-денес)
Чавес се префрлил во екипата за сезоната 2014 на двегодишен договор.
2015
На Вуелта а Еспања 2015, Чавес ја освоил втората етапа претекнувајќи ги Том Димулен() и Николас Роуш () на врвот на искачувањето од трета категорија. Со тоа го преземал водството во трката. Чавес го изгубил водството на трката на петтата етапа, кога групата се поделила при целта и доцнел 6 секунди зад Димулен. Меѓутоа, на шестата етапа, Чавес нападнал на 2 километри од врвот на завршното искачување и се одржал пред Даниел Мартин и Димулен со пет секунди за негова втора етапна победа и повторно преземање на водството. Во текот на Вуелта, Чавес го продолжил договорот за дополнителни три сезони. На крај завршил на Вуелта на петтото место.
2016
Сезоната 2016 била одлична за него откако завршил втор во генералниот пласман на Џиро д’Италија и трет на Вуелта а Еспања. На 1 октомври 2016 година, Чавес ја освоил Џиро ди Ломбардија, негова прва победа на еден од петте велосипедски „монументи“.
2017
Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017. Се мачел на трката, на крајот завршувајќи на 62. место, скоро два и пол часа зад победникот Крис Фрум. Се вратил на Вуелта а Еспања подоцна во сезоната. Покажал добра форма на воведните етапи, но подоцна завршил само како единаесетти.
2018
Чавес ја започнал својата сезона со Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“, пред да настапи на Хералд Сан Тур. Се одвоил од главната група на последното искачување на претпоследната етапа, освојувајќи ја победата и преземајќи го водството во генералниот пласман. Го одржал водството и ја освоил трката следниот ден, негова втора победа на етапна трка. Чавес настапил на Џиро д’Италија 2018, каде ја освоил шестата етапа
Достигнувања
2006 2. Национално младинско друмско првенство 2009 1. Етапа 1 Вуелта а Кундинамарка 2010 5. Краен пласман Сиркуито де Комбита 2011 1. Краен пласман Тур де л’Авенир 1. Етапа 1 Класика Клуб Депортиво Бојака 3. Краен пласман Сиркуито де Комбита 2012 1. ГП Чита ди Камаиоре 1. Пласман за млад возач Вуелта а Колумбија 2. Пруеба Вилјафранка де Ордизија 3. Краен пласман Вуелта а Бургос 1. Етапа 5 1. Пласман за млад возач 5. Меморијал Марко Пантани 6. Светско друмско првенство под 23 години 2014 1. Етапа 8 Тур де Свис 3. Краен пласман Трка околу Пекинг 1. 20п Пласман за млад возач 4. Краен пласман Тур де Лангкави 7. Краен пласман Трка околу Калифорнија 1. Етапа 6 2015 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија 1. 20п Краен пласман Трка Абу Даби 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 3 5. Краен пласман Вуелта а Еспања 1. Етапа 2 1. Етапа 6 8. Џиро ди Ломбардија 2016 1. Џиро ди Ломбардија 1. Џиро дел’Емилија 2. Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 14 3. Краен пласман Вуелта а Еспања 2017 2. Краен пласман Тур Даун Андер 9. Краен пласман Хералд Сан Тур 2018 1. 20п Краен пласман Хералд Сан Тур 1. Етапа 3 1. Етапа 6 Џиро д’Италија 2019 1. Етапа 19 Џиро д’Италија 6. Краен пласман Трка околу Словенија
Распоред на резултатите на големите трки
Големи трки 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро— 552 — 72 40 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——— 62—— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта 4153 11 — 19
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Колумбиски велосипедисти Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Богота Категорија:Колумбиски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Колумбиски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Колумбија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020