Козлуќој или Кузлуќој (, Кариохори; до 1927 г. Κοζλούκιοϊ) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 349 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Сариѓол, околу 10 километри источноо од Кајлари, во самата Кајларска Котлина, во западното подножје на Каракамен, на надморска височина од 710 метри.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Козлуќој бил турски чифлиг во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Козлуќој:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Козлу Ќој имало 610 жители, сите Турци. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Козлуќој е претставено како чисто турско село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак со 130 куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 777 жители, кои во 1920 г. се свеле на 704 лица. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека околу Првата светска војна Козлу-кеј имало 100 турски куќи.
Во 1924 г. сето население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени повеќе бегалски семејства од Мала Азија. Така, во 1928 г. селото е забележано како чисто бегалско село со 167 семејства или 624 жители. Во 1927 г. селото е преименувано во Кариохори (Καρυοχώρι), во превод „ореово село“.
Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека Козлуќој се состои од 150 бегалски семејства. +Места во заедницата Козлуќој преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.ИмеИмеНово имеНово имеОписБаириΜπαΐριαИпсоматаΎψώματαврв на Каракамен на СИ од Козлуќој (862 м)
Стопанство Населението произведува главно жито, а делумно е развиено и сточарството.
Население
Наводи
Категорија:Еордеја