Теорија на интерфејсот (срп.: Теорија интерфејса) е книга на српскиот теоретичар на медиуми, историчар на филмот и режисер Олег Јекниќ објавена во 2014 година.Теорија на интерфејсот (книга, инфо), Проект Растко - Македонија, 2014.
Книгата ги разгледува прашањата кои се актуелни во современата теорија на медиуми: што е интерфејс и која му је улогата во комуникацијата; што е медиум; каква е разликата помеѓу медиумот и интерфејсот, и во каков однос се наоѓаат тие. Во неа е даден историско-аналитички преглед на концептот на интерфејсот, од античките мислители до модерните филозофи и теоретичари, како што се Имануел Кант, Анри Бергсон, Морис Мерло-Понти, Маршал Маклуан, Џејмс Џером Гибсон, Лев Манович, Марк Хансен и други.
Во книгата Јекниќ ја дал и својата оригинална теорија на интерфејсот и медиумите воопшто, реконцептуализирајќи го Маклуановиот став за мноштвото медиуми — со сопствен заклучок за еден медиум и мноштвото интерфејси.
Издавач на монографијата е Центарот за медиуми и комуникации при Факултетот за медиуми и комуникации на Универзитетот „Сингидунум“ во Белград. Рецензенти на изданието се професорите Миодраг Шуваковиќ и Новица Милиќ. Графички книгата ја обликувал Борут Вилд.
Книгата настанала врз основа на докторската дисертација „Општа теорија на медиумите заснована на теоријата и функцијата на интерфејсот во интерактивната комуникација“ одбранета во 2009 година во Белград.„Професор Олег Јекниќ докторирал на Универзитетот за уметности“, Академија на уметностите, Белград, 2009
Содржина Предговор Вовед Теориски рамки Основни поими Субјект и објект Медиум Интерфејс Интерфејсен модел на комуникација Гибсоновата теорија на директна перцепција Интерфејсен модел на комуникација Интерфејсен модел во телекомуникациите Интерфејсен модел и Маклуановата теорија на медиуми Телото како интерфејс „Топологија“ на субјективитетот Имануел Кант – Телото како епистемолошка граница Морис Мерло-Понти – Феноменолошко тело Анри Бергсон – Афективно тело Марк Хансен – Телото во кôдот Современи теории на интерфејсот Перцепцијата како интерфејс Знакот како интерфејс Кôдот како интерфејс Фантазијата како интерфејс „Интерфејс на интерфејсот“ Заклучок Додатоци: Цртежи и табели, Литература, Индекс на имиња и Индекс на поими
Стручна рецепција Јекниќевиот научен придонес за теоријата на медиумите е оценет како значаен:
„Олег Јекниќ успешно и оригинално ја поставил и разработил општата теорија медиумите и теоријата на интерфејсот. Со своите аргументации назначил сериозни и темелни заклучоци за 'природата' на техничките медиуми и нивната комуникациска улога. Неговите теориски резултати во нашата средина се сосем нови и ветувачки. Многу ретки се научните студии кои се занимаваат со феноменалноста на новите медиуми на така широк и разработен фон на соочување на филозофските и теоријските епистемологии.“ — Комисија за одбрана на докторската теза, 2009.Комисија за одбрана на докторска теза во састав: Миодраг Шуваковиќ, Невена Даковиќ, Весна Микиќ, Новица Милиќ и Јерко Денегри, Група за теорија на уметноста и медиумите на Интердисциплинарните докторски студии на Универзитетот за уметности во Белград, 5 септември 2009.
За иновативноста на новата теорија рецензентот на книгата, проф. д-р Миодраг Шуваковиќ, вели:
„Теориската иновација на ова интердисциплинарно научно дело содржана е во тезата и аргументацијата поимот на интерфејсот да презема цела низа на значења и функции кои припаѓале на традиционалниот поим за медиуми. Јекниќ извел извонредно сложено истражување кое го водело кон нова и оригинална научна и поетичка теорија за техничко-филозофските и теориско-естетичките толкувања на смислата, улогата и функциите на медиумите и интерфејсот во современата уметност и култура.“ — Миодраг Шуваковиќ, во: Јекниќ, Олег. Теорија на интерејсот, задна корица на книгата, 2014Олег Јекниќ: Теорија на интерфејсот , за книгата, официјална страна на издавачот
Наводи
Категорија:Книги Категорија:Медиуми Категорија:Дигитални медиуми Категорија:Филозофски книги Категорија:Современа филозофија Категорија:Монографии Категорија:Книги од 2014 година