мини|Бастијан Швајнштајгер Бастијан Швајнштајгер (германски: Bastian Schweinsteiger) — германски фудбалер. Роден е на 1 август 1984 во Колбермор кај Розенхајм, на југот на Баварија. Го викаат уште и „Басти“ (Basti) и „Швајни“ (Schweini).

Фудбалска кариера Клупска До 1992 играше за ФК Обераудорф, за наредните шест години (1992 — 1998) да ги помине во СК 1860 Розенхајм. Од 1998 игра за ФК Бајерн Минхен од Минхен. До половина сезона 2009/2010 одигра вкупно 207 натпревари за Бајерн и притоа постигна 21 гол.

Репрезентациска Првпат заигра за Фудбалска репрезентација на Германија на 6 јуни 2004 во Кајзерслаутерн, на натпреварот против Унгарија. Во дресот на репрезентацијата, каде го носи број 7, играше 72 пати и погодуваше 19 пати.

Успеси Втор на Европско првенство 2008. Трет на Светско првенство 2006. Првак на Германија 2003, 2005, 2006 и 2008 Победник на Германски куп 2003, 2005, 2006 и 2008. Награди Најдобар фудбалер на Германија 2010 година во изборот на списанието Кикер.

Приватно Швајнштајгер е познат по својот добар однос со соиграчите на теренот. Има своја навивачка колекција (маици, капи, шолји, стегачи и др.) која може да се најде на интернет, на неговата официјална страница. Неговиот брат Тобијас е исто така професионален фудбалер.

Надворешни врски

Официјална страница на Бастијан Швајнштајгер Официјална страница на ФК Бајерн

Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1984 година