Дескати (, Димос Дескатис) — општина во Гребенскиот Округ на југозападот на Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Административен центар е гратчето Дескати, чие име има влашко потекло. На југ општината се граничи со Тесалија.

Населени места Општината Дескати е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“ со спојување на две стари општини: Дескати и ХасијаНаречена по планината Хасија, на прородната граница помеѓу Македонија на север, Тесалија на југ и Епир на запад..

Општинска единица Дескати мини|десно|Поранешната општина Дескати на картата на некогашниот округ Гребен. Општинската единица Дескати ги опфаќа следниве населени места:

Општински оддел Дескати село Дескати (Δεσκάτη) село Агиос Георгиос (Άγιος Γεώργιος) село Селисма (Διασελλάκι, Дијазелаки) село Чука (Γήλοφος, Гилофос)

Општински оддел Велиди село Велиди (Παρασκευή, Параскеви)

Општински оддел Земњач село Земњач (Παλιουριά, Паљурија)

Општински оддел Пичуѓа село Пичуѓа (или Пичунгија; Δασοχώρι, Дазохори)

Општински оддел Тороник село Тороник (Παναγία, Панагија) манастир „Св. Никанор Забрдски“ (Μονή Αγίου Νικάνορος) село Скумција (Σκούμτσια)

Општинска единица Хасија мини|десно|Поранешната општина Хасија на картата на некогашниот округ Гребен. Општинската единица Хасија со седиште во Дименица (Карперо) ги опфаќа следниве населени места:

Општински оддел Дименица село Дименица (Καρπερό, Карперо) село Арап (Δήμητρα, Димитра)

Општински оддел Катакал село Катакал (Κατάκαλη, Катакали)

Општински оддел Чатурија село Чатурија (или Чатурнија; Τρικοκκιά, Трикокија) село Греуса (Άνοιξη, Аникси) село Сленица (или Синица; Τριφύλλι, Трифили)

Поранешни села На територијата на општината се наоѓаат и следниве поранешни села:

Гобларак Лубиница Палеотурко Пињари

Поврзано Камбуница — планина во источниот дел на општината Молиск — древен град на територијата на општината Список на села во Гребен

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Дескати

Категорија:Општини во Егејска Македонија