Вујадин Станојковиќ (; во Куманово) — македонски и поранешен југословенски фудбалер и тренер. Неговото семејство е од Речица каде што тој израснал.
Како дефанзивец настапувал 21 пат (во период помеѓу 1988 и 1992) за фудбалската репрезентација на Југославија и постигнал еден гол, вклучувајќи и два настапи на Светското првенство во фудбал во 1990 година. Помеѓу 1994 и 1995 година тој настапил 7 пати за ново создадената репрезентација на Македонија.
По повлекувањето од фудбалот, Вујадин Станојковиќ бил директор на ФК Македонија Ѓорче Петров. Тој исто така бил помошен тренер на македонската фудбалска репрезентација. Во 2004 бил именуван за тренер на ФК Вардар.
Статистика
Сезона Клуб Земја Натпревари Голови 1985/86 ФК Куманово
18 3 1985/86 ФК Вардар
4 0 1986/87 ФК Вардар
27 4 1987/88 ФК Вардар
32 1 1988/89 ФК Вардар
33 2 1989/90 ФК Партизан
27 2 1990/91 ФК Партизан
32 1 1991/92 ФК Партизан
24 1 1992/93 ФК Партизан
27 5 1993 ФК Дегерфрос
14 3 1994 ФК Дегерфрос
25 0 1995 ФК Дегерфрос
7 0 1996 ФК Дегерфрос
23 2 1997 ФК Трелеборг
25 1 1998 ФК Трелеборг
9 0 Вкупно 324 25
Наводи
Надворешни врски профил на официјалниот портал на српската репрезентација
Категорија:Фудбалери од Куманово Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Фудбалски тренери од Куманово Категорија:Тренери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1990 Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Трелеборг Категорија:Фудбалери на ФК Куманово Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Македонски Срби