Бодовен пласман на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, кој започнал да се доделува во 1953 година. Бодовите се добиваат за високите пласмани на етапа или за победа на некој од средните спринтови и тие се бројат за бодовниот пласман. Се смета за спринтерски пласман. На предводникот во пласманот му се доделува зелена маичка, која станала симбол за бодовниот пласман, така што кога велосипедистот ќе го освои бодовниот пласман, се вели дека „ја освоил зелената маичка“.
Системот ги поттикнал и другите велосипедски трки; останатите две големи трки исто така имаат бодовен пласман: Вуелта а Еспања од 1955 година, која исто така ја користи зелената маичка, и Џиро д’Италија од 1966 година.
Историја
По скандалите на Тур де Франс 1904, правилата за наредното издание биле изменети: победникот не бил повеќе одредуван со временски систем, туку со бодовен систем. Велосипедистите добивале бодови, подеднакви на нивниот пласман во етапата, а велосипедистот со најмалку бодови бил предводник на трката. По Тур де Франс 1912, системот бил повторно променет на временски, кој сè уште се користи.
На Тур де Франс 1953, како прослава за 50. родеден на Тур де Франс, бодовниот систем бил повторно воведен, но овој пат како дополнителен пласман. Бидејќи предводникот на генералниот пласман ја носи жолтата маичка, предводникот на бодовниот пласман исто така добивал специјална маичка, зелената маичка (). Зелената боја била избрана поради спонзорот кој бил производител на косилки за трева.
Во првите години, велосипедистот единствено добивал казнени бодови доколку не завршил на високо место, па така велосипедистот со најмалку бодови бил освојувач на зелената маичка. Од 1959 година па натаму, системот бил променет, па велосипедистите добивале бодови доколку завршиле високо во пласманот (првото место носело најмногу бодови, а пониско пласираните добивале помалку бодови), па така велосипедистите со најмногу бодови ја освојувале зелената маичка.
Во 1968 година, маичката била црвена, на барање на спонзорот.
Додека жолтата маичка се доделува за најниското вкупно време на трката, зелената маичка ги отсликува бодовите добиени со високите пласмани на секоја етапа и средните спринтови, особено во текот на рамните етапи на трката. Средните спринтови порано биле дел од пласманот за средни спринтови, а бодовите за бодовниот пласман бил додаток; меѓутоа, подоцна овој пласман бил укинат, а средните спринтови останале дел од бодовниот пласман.
Бодовниот пласман се смета за „спринтерски пласман“, бидејќи најголем дел од бодовите се освојуваат на рамните етапи, па така возачите генерално остануваат заедно во една голема група, оставајќи ги најдобрите спринтери на крајот да се борат за етапна победа. Меѓутоа, да се освои пласманот, на еден возач му треба доволно ниво на вештини покрај силниот спринт, бидејќи тој треба да заврши во рамки на временската граница на планинските етапи за да остане во натпреварувањето, а идеално би било да се натпреварува и на средните спринтови во текот на планинските етапи. На пример, Марио Чиполини бил еден од најдобрите спринтери во неговото време, но никогаш не бил во борба за бодовниот пласман бидејќи не успевал да помине низ планинските етапи и да ја заврши трката (меѓутоа, успеал да заврши на Џиро д’Италија и да го освои бодовниот пласман неколкупати).
Четири пати, победникот на бодовниот пласман бил и победник на генералниот пласман: трипати од страна на Еди Меркс и еднаш од Бернар Ино. Во 1969 година, Еди Меркс го освоил генералниот пласман, бодовниот пласман и планинскиот пласман, уникатна ситуација и резултат на Тур де Франс.
Петер Саган поставил рекорд за најмногу етапи во водство на пласманот, носејќи ја зелената маичка 100 дена на етапата 18 на Тур де Франс 2018.
Бодовен систем Моментална состојба
До 2019 година, бодовниот пласман бил преместуван преку додавање на бодови добиени на етапи и одземање на казнени бодови. Бодови се доделувале за првите велосипедисти, кои ќе ја преминат целта или линијата на средните спринтови, и за велосипедистите со најбрзи времиња на прологот или на поединечните хронометри, според следниов распоред:
+Моментален бодовен пласманВид1.2.3.4.5.6.7.8.9.10.11.12.13.14.15.Податотека:Plainstage.svgзавршница на „рамна“ етапа50302018161412108765432Податотека:Mediummountainstage.svgзавршница на „ридско/среднопланинска“ етапа30252219171513119765432Податотека:Mountainstage.svgзавршница на „планинска“ етапа20171513111098765432122ппоединечен хронометар201715131110987654321 среден спринт201715131110987654321
Возачите можат да загубат бодови за разни прекршувања на правилата, што значело некои возачи да го завршат Тур со негативни бодови.
Пред почетокот на Тур де Франс, организацијата означува кои етапи се сметани за „рамни“, „ридско/среднопланински“ или „планински“. Рамните етапи вообичаено имале неколку или немале категоризирани искачувања (неколку од 4. категорија и повремено 3. категорија), среднопланинските етапи имале бројни искачувања, вообичаено од втора и трета категорија, а планинските етапи имале бројни големи брда, често од прва или екстра категорија.
Кога не може да се одреди редоследот на завршување на целта или кога велосипедистите забележале исто време на прологот/поединечниот хронометар, велосипедистите ги делат бодовите (заокружено на најблискиот половина бод). Велосипедист кој нема да ја заврши етапата е отстранет од бодовниот пласман. По секоја етапа, предводникот на бодовниот пласман ја добива зелената маичка. При изедначување во пласманот, велосипедистот со најмногу етапни победи е предводникот. Ако и тоа е израмнето, тогаш бројот на победи на средните спринтови го означува предводникот. Ако и тоа е исто, тогаш местото во генералниот пласман го одредува предводникот. На крајот на Тур де Франс, велосипедистот кој е прв во пласманот е освојувач на зелената маичка.
Историски Пред 2011 година
Правилата биле изменувани низ годините. Кога системот започнал во 1953 година, биле додавани местата на секој велосипедист на етапата, а велосипедистот со најмалку бодови бил победник. Подоцна, бодовите биле доделувани на првите неколку велосипедисти на секоја етапа. Дури потоа, бодовниот систем започнал да се разликува на видот на етапата, вообичаено носејќи повеќе бодови на рамните етапи. Средните спринтови исто така носеле бодови.
Во 2009 година, системот бил следен, со два или три средни спринта по етапа:
Вид1.2.3.4.5.6.7.8.9.10.11.12.13.14.15.16.17.18.19.20.21st22nd23rd24.25.Податотека:Plainstage.svg„рамна“ етапа завршница35302624222019181716151413121110987654321Податотека:Mediummountainstage.svg„среднопланинска“ етапа завршница2522201816151413121110987654321Податотека:Mountainstage.svg„планинска“ етапа завршница20171513121098765432122ппролог/поединечен хронометар1512108654321 среден спринт642
2011 до 2014
Бодовниот пласман се пресметувал преку додавање бодови освоени на етапите и одземање на казнените бодови. Бодови добивале првите велосипедисти кои ќе ја поминеле целната линија или линијата на средниот спринт и за велосипедистите со најбрзо време на пролозите или на поединечните хронометри. На Тур де Франс 2011 била користена следнава шема:
Вид1.2.3.4.5.6.7.8.9.10.11.12.13.14.15.Податотека:Plainstage.svg„рамна“ етапна завршница45353026222018161412108642Податотека:Mediummountainstage.svg„среднопланинска“ етапна завршница30252219171513119765432Податотека:Mountainstage.svg„планинска“ етапна завршници20171513111098765432122ппролог/поединечен хронометар201715131110987654321 среден спринт201715131110987654321
Возачите може да загубат бодови за разни прекршоци на правилата, што значи дека некои возачи може да ја завршат трката со негативна бодовна состојба.
Пред почетокот на Тур де Франс, организацијата објавува кои етапи се сметаат за „рамни“, „среднопланински“ или „планински“. Рамните етапи вообичаено имаат неколку или немаат категоризирани искачувања (неколку од 4. категорија и понекогаш 3. категорија), среднопланинските етапи имаат повеќе искачувања, вообичаено 2. и 3. категорија, а некои планински етапи имаат бројни високи искачувања, често од 1. категорија или екстра категорија.
Кога редоследот по кој велосипедистите ја поминале целта не може да се одреди или кога велосипедистите забележале исто време во прологот/поединечниот хронометар, велосипедистите ги делат бодовите (заокружени на најблискиот половина бод). Велосипедист кој не ја завршил етапата се отстранува од бодовниот пласман. По секоја етапа, предводникот на бодовниот пласман ја добива зелената маичка. Во случај на изедначување во пласманот, велосипедистот со најмногу етапни победи е победник. Доколку и тука е изедначено, бројот на победи на средните спринтови го одредуваат победникот. Ако и тука е изедначено, генералниот пласман го одредува победникот. На крајот на Тур де Франс, велосипедистот што води во бодовниот пласман е освојувач на зелената маичка.
Победници Победници по година
ГодинаПобедникБодовиВторо местоБодовиТрето местоБодови1953 271 307 4061954 215,5 284,5 286,51955 322 399 4091956 280 464 4651957 301 317 3661958 347 406 5531959 613 524 5031960 74 40 351961 174 169 1481962 173 144 1401963 275 138 1231964 208 199 1651965 144 130 1241966 211 189 1781967 154 119 1111968 241 219 2001969 244 149 1361970 212 207 1611971 202 186 1071972 196 135 1321973 187 168 1451974 283 270 1701975 342 240 1991976 293 140 1281977 236 140 1371978 242 189 1231979 253 157 1091980 194 153 1481981 428 222 1841982 429 152 1491983 360 144 1261984 322 318 2471985 434 332 2791986 277 232 2101987 263 247 2281988 278 193 1831989 277 194 1631990 256 221 1181991 316 263 1751992 293 262 2021993 298 157 1531994 322 273 2301995 333 271 1801996 335 284 2551997 350 223 1981998 327 230 2211999 323 275 1962000 321 203 1842001 252 244 1692002 280 261 2082003 216 214 1882004 272 247 2452005 194 182 1782006 288 199 1952007 256 234 2322008 270 220 2172009 280 270 1722010 243 232 222 2011 334 272 236 2012 421 280 260 2013 409 312 267 2014 431 282 2712015 432 366 2982016 470 228 1992017 370 234 2202018 477 246 2032019 316 248 224
Повеќекратни победници
МестоИмеДржаваПобедиГодини1 Петер Саган 7 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2018, 20192 Ерик Цабел 6 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 20013 Шон Кели 4 1982, 1983, 1985, 1989 4 Јан Јансен 3 1964, 1965, 1967 Еди Меркс 3 1969, 1971, 1972 Фрери Мертенс 3 1976, 1978, 1981 Джамолидин Абдужапаров 3 1991, 1993, 1994 Роби Мекјуан 3 2002, 2004, 2006 9 Стан Окерс 2 1955, 1956 Жан Грачик 2 1958, 1960 Андре Дарижад 2 1959, 1961 Лорен Жалабер 2 1992, 1995 Тор Хушовд 2 2005, 2009
Победници по земја
МестоДржаваПобеди 1 19 2 9 3 8 4 7 5 5 6 4 = 4 8 3 9 2 = 2 = 2 12 1 = 1
Наводи
Категорија:Тур де Франс