„Одбрани трудови“ — збирка раскази на македонскиот писател Горан Петревски. Збирката е објавена во 2014 година од издавачката куќа „Темплум“.

Технички податоци Збирката „Одбрани трудови“ е објавена како 112 книга на библиотеката „Магма“. Книгата е отпечатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 128 страници. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 978-608-4658-33-7. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Кома“, а сликата на предната корица е преземена од The Royal Art Lodge. На задната корица се наоѓа куса биографија на авторот, како и мал осврт врз делото.Горан Петревски, Одбрани трудови, Темплум, Скопје, 2014.

Содржина Збирката содржи предговор, напишан од авторот (насловен како: „Ова не важи“) и 14 раскази: Крај Мајка Понекогаш Последното царство Враќање Премиера Средба Солзи Прашање и одговор Љубов: преиспитување Последниот сон Смрт За што размислувам За што не размислувам

Надворешни врски Горан Петревски, „Понекогаш“ Горан Петревски, „За што не размислувам“

Наводи

Категорија:Дела на Горан Петревски Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Книги од 2014 година Категорија:Македонски раскази Категорија:Македонски дела од 2014 година Категорија:Појавено во 2014 година во Македонија