200px|мини|Џулиет Луис во 2024 година Џулиет Луис — американска филмска и телевизиска глумица и рок-музичарка.
Животопис Глумечко творештво Џулиет Луис станала славна со својата улога во филмот “Рт на стравот” (Cape Fear) од 1991 година, за која била номинирана за наградите “Златен глобус” и “Оскар” за најдобра споредна улога. Потоа, таа следувале поголеми улоги во филмовите: „Другата сестра“, “Што го јаде Гилберт Гејп”, “Родени убијци” (Natural born killers), “Вечерна ѕвезда”, “Калифорнија” и “Од самрак до зори” (From dusk till dawn). Џулиет Луис има остварено запазени улоги и во неколку телевизиски серии. Така, таа ја играла улогата на Теми Хемфилд во телевизиската драма “Фирма”, која започнала да се прикажува во 2012 година на телевизиските канали NBC и AXN. За својата работа на телевизијата, таа двапати била номинирана за наградата “Еми”.Антена, број 835, 27.6.2014, стр. 19. мини|лево|Џ. Луис на концерт, 2007 г. Музичко творештво Џулиет Луис е позната и како рок-музичарка. Така, таа била пејачка во групата “Џулиет енд д ликс”, со која настапувала од 2003 до 2009 година, при што снимила три албуми, а потоа продолжила со групата „Њу романтикс“ со која го снимила албумот „Terra Incognita“.Наташа Спирова, „Доктор Хаус свири пет инструменти, Тимберлејк снима филмови“, Антена, број 845, 5.9.2014, стр. 10. мини|десно|Џ. Луис на концерт, 2007 г. Наводи
Категорија:Американски глумци Категорија:Рок-музичари Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Пејачи од Лос Анџелес Категорија:Американски филмски глумци