Чинарскиот инцидент — инцидент кој се случил во текот на 17 век во Османлиското Царство.

Заднина

За време на Критската војна (1645-1669) се зголемиле воените трошоци на царството кое започнало да ги чувствува првите економски тешкотии. Властите на царството, пред сè големите везири и мајката на Мехмед IV, Турхан Хатиџе султан не можеле да најдат решение. По погубувањето на реформистичкиот везир Турхончу Ахмед-паша, кој се обидел да ги намали трошоците за плата на војниците, единствено предложено решение било девалвација.Prof.Yaşar Yücel-Prof Ali Sevim:Türkiye tarihi III, AKDTYKTTK Yayınları, 1991, pp 111-120 Така вредноста на златото во монети било намалено. Новите монети биле познати како црвени монети, но одложувањето на исплата на платите продолжило девет месеци. Од друга страна црвените монети не биле прифатени на истанбулските пазари.

Инцидент

Инцидентот се случил кога една група на војници кои неодамна биле вратени од војната на Крит во 1656 година ги испратиле своите претставници во палатата на султанот и побарале исплата на платите, но тие биле протерани од страна на Осман ага кој служел како стражар. Ова предизвикало бунт на 26 февруари 1656 година, а на 4 март бунтовниците побарале средба со султанот. За време на состанокот тие ја презентирале листата од 30 мажи кои ги сметале како одговорни за економската криза во земјата и повикале тие да бидат погубениGabon Anaston-Bruce Masters:Encyclopaedia of the Ottoman Empire, ISBN 0-8160-6259-5, p.370. Младиот султан прифатил разрешување на дел од нив, вклучувајќи го и Осман ага но се обидел да ги спаси нивните животи. По ова, лутите бунтовници успеале да убијат дел од имињата на листата.

По настанот

По крајот на инцидентот се заклучило дека краткотрајните улоги на големите везири биле доста неефикасни, па Турхан Хатиџе султан го именувал Ќопрулу Мехмед-паша за нов везир, кој ја прифатил функцијата под услов таа да не се меша во работите на неговата администрација. По ова следувал нов период од историјата на империјата познат како Ќопрулски период.

Наводи

Категорија:Востанија против Отоманското Царство Категорија:Отоманското Царство во 17 век Категорија:Судири во 1656 година Категорија:Османлиски Цариград