Балкански смок (, порано: Coluber gemonensis) — вид змија од семејството на смокови (Colubridae).
Живеалиште Овој смок се среќава во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Кипар, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Природно живее во честак, на пасишта, во насади и селски бавчи.
Дистрибутивниот ареал на видот е ограничен на источниот крајбрежен појас на Јадранско Море. На планината Галичица, видот продрел најисточно и најдлабоко на копното, во рамките на целиот негов дистрибутивен ареал. Балканскиот смок се среќава на суви каменести места, отворени шумски подрачја, подрачја со жбунеста вегетација, покрај патишта. Оваа змија е дневен и терестричен вид, иако понегокаш се качува по грмушки. Жестоко каса кога ќе се фати со рака. На територијата на Национален парк Галичица, балканскиот смок е неодамна регистриран во дабовиот појас во близина на Отешево и Лескоец, од авторот на овој извештај (непублицирани податоци). Во рамките на теренските истражувања, присуството на балканскиот смок е потврдено на истите локалитети. НП Галичица
Заштитен статус Балканскиот смок некогаш бил многу распространет, но денес му се заканува губиток на живеалиштето.
Од Европските документи видот е заштитен согласно Бернска Конвенција (BERN): Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта. Апендикс II: Строго заштитени фаунистички видови.
Поврзано Список на змии во Македонија
Наводи
Лимберакис, П. и Ајтиќ, Р. 2005. Балкански смок (Hierophis gemonensis). Список на видови под закана во 2006 г. — Меѓународен сојуз за заштита на природата
Надворешни врски
Категорија:Смокови Категорија:Фауна на Галичица Категорија:Фауна на Европа