Божица — женско божество со натприродни моќи.The Encyclopedia of World Religions - Page 181Introduction to pagan studies - Page 222, 2007 Во некои култури божиците се поврзани со земјата, мајчинството, плодноста, љубовта и растителноста. Во другите култури, божиците исто така, владеат над војната, смртта и уништувањето, како и создавањето, исцелувањето, сочувството и животот. Тие можат да бидат во фокусот на верските обожувања или почит. Уметнички претстави на божиците се вообичаени во културите кои ги хонорираат.

Во некои религии света женска фигура има централно место во молитвата и обожавањето. Шактизам - обожувањето на женска сила која го анимира светот - е една од трите главни секти на Хиндуизмот. Во Тибетскиот Будизам, највисокиот напредок кое некое лице може да го постигне е да стане како женските Буди (на пример, Араја Тара) кои се прикажани како врховни заштитнички, бестрашни и полни со сочувство за сите суштества.

Приматот на монотеистичката "Голема Божица" е поддржана од некои модерни матриархисти како женса верзија, пред, или аналогна, на Аврамскиот Бог поврзан со историскиот пораст на монотеизмот во Средоземјето.

Повеќето модерни пагански традиции хонорираат божица, или повеќе божици. Виката има дуотеистички систем на верување, се состои од една божица и еден бог, кој во Хиерос Гамос претставуваат обединета целина. Политеистите, вклучувајќи ги политеистичките реконструкционисти, хонорираат повеќе божици и богови, и обично ги гледаат како дискретни, одвоени суштества. Овие божества можат да бидат дел од пантеонот, или различни региони можат да имаат старателски божества. Реконструкционистите, како и нивните антички предци, ги хонорираат божествата специфични за нивната земја на потекло. мини|Статуа на божицата Хигија во Карлови Вари, Чешка Божиците како мотив во уметноста и во популарната култура „Мртвата божица“ — краток расказ на македонскиот писател Александар Прокопиев.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 118.

Поврзано Бог Религија Митологија

Наводи

Категорија:Религија Категорија:Божици Категорија:Божества